1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Фотографија на денот: Крвава рација во Бразил

7 мај 2021

Во полициска акција во една фавела во бразилската метропола Рио де Жанеиро се убиени најмалку 25 лица.

Brasilien Polizeieinsatzaktion gegen Drogenhändler in der Jacarezinho-Favela in Rio de Janeiro
Фотографија: Silvia Izquierdo/AP Photo/picture alliance

Според официјални наводи, жртви се 24 осомничени лица и еден полицаец. Безбедносните сили имале за задача да уапсат лица осомничени за врбување деца за продажба на дрога. Притоа дошло до жестока престрелка и експлозии.

Жителите на сиромашниот кварт Жакарезино, каде живеат околу 40.000 луѓе, не можеле да ги напуштат своите домови. Оваа фавела е под контрола на голем картел кој се занимава со дрога и друг вид криминал.

На #ФотографијаНаДенот е прикажан еден од објектите во Жакарезино по престрелката, со крв на подот и ѕидовите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми