1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил се подготвува за нов бран протести

Астрид Пранге/Р. Ѓорѓиев7 септември 2013

Бразилското движење за реформи е во мирување по масовните протести во јуни. Но движењето се подготвува за нови протести на денот на независноста 7 септември, со цел да ја натера владата да спроведе реформи.

Фотографија: CHRISTOPHE SIMON/AFP/Getty Images

„Ова ќе бидат најголемите протести во бразилската историја - 140 града веќе објавија дека ќе протестираат“- беше пораката која ја постави на Фејсбук, хакерската група Анонимус.

„Улиците ќе бидат толку полни со демонстранти на 7 септември што мојата фамилија едвај ќе најде место за стоење“ - напишал активист на алтернативната медиумска група „Нинџи„ која планира да известува за протестите преку Фејсбук.

Забрана за прекривање на лицето

Колку големи и анонимни ќе бидат протестите останува да се види. Нешто што може да спречи одредени групи да излезат на улица е фактот што сојузниот парламент на Рио де Жанеиро забрани покривање на лицето. Дури иако бројот на демонстранти е тешко предвидлив, причините за протестите се сосема јасни. Барањата кои беа изнесени против скапите стадиони кои се градат за Светското првенство и да се заузда големата корупција, на протестите за време на Купот на Конфедерации не беа ислушани. Маркус Фраундорфер од германскиот Гига институт за латино-американски студии во Хамбург вели: „проблемите денеска се исти какви што беа и во јуни, голема корупција, образовната политика, здравство и раст на цените на продуктите. Демонстрациите имаат за цел да докажат дека Бразилците се сериозни околу реформите.“

Фотографија: Reuters

Од друга страна пак, по протестите беа направени и одредени обиди за реформи. Како директен одговор на протестите, цените на јавниот превоз во повеќе градови беа намалени, а бразилскиот сенат го одобри нацртот на законот за борба против корупцијата, кој вели дека корупцијата е сериозно криминално дело за кое се препишани минимум четири години затвор, нацрт кој беше заглавен во истата фаза цели 15 години.

Отпор на промени

Бразилскиот парламент исто така делува отворен кон реформите. По долги години на отпор, политичарите се согласија околу законот кој во иднина гарантира дека три четвртини од профитот кој доаѓа од експлоатацијата на нафта ќе биде пренасочен кон образовниот систем. Останатите 25% од профитот би требало да биде пренасочен кон здравствениот систем кој има хронична потреба од средства.

Но кога ќе се погледне малку подлабоко, ќе се види продолжен отпор кон промени. Ветените билиони за да се подобри мрежата на јавниот превоз треба допрва да бидат видени, а 12 од 57 проекти за да се подобри транспортот за Светското првенство се запрени. Нацртот за законот против корупција кој го помина бразилскиот сенат сега е заглавен во парламентот. Референдумот кој претседателката Дилма Русеф го предложи за да се решат политичките проблеми, регулативата за изборниот процес и финансирањето на партиите, е речиси заборавен.

Во последниот случај на гласање за задржување на пратеничкиот мандат под обвинение за корупција на еден пратеник, парламентот покажа дека воопшто не се оптоварува со борбата против корупцијата. Поради фактот дека 513 членови парламентот на гласањето кое се случи на 28 август, околу пратеничкиот имунитет на Натан Донадон кој доби 13 години затвор зарад примање поткуп и вмешаност со бандите, не се ни обидоа да му го одземат имунитетот, популарноста на парламентот падна на историски рекордно ниско ниво.

Протести против корупцијата

„Парламентот направи неразбирлива грешка“ вели Валериано Коста, професор за политички науки на елитниот Кампинас Универзитет. „Направија да изгледаат како будали, иако изгласаа закон кој забранува тајно гласање и во двата дома на парламентот . Доколку дојде до протести против корупција на 7 септември, тие ќе бидат директно насочени кон легислативната гранка“ додава тој.

Според весникот „ Фоља де Сао Паоло“, протестите ќе продолжат и за време на Светското првенство, и за време на изборите во 2014.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми