Браун – британски премиер
24 јуни 2007Реклама
Британскиот министер за финансии Гордон Браун денеска ќе биде именуван за наследник на премиерот на заминување Тони Блер, како шеф на лабуристичката партија. 56-годишниотБраун е единствениот кандидат за таа функција. В среда треба да ја преземе и функцијата британски премиер. Во Велика Британија е традиција шефот на најсилната партија да биде и премиер. Нови избори не се потребни ако шефот на партијата биде сменет по половината од неговиот мандат.