Дали претседателот на САД, Трамп оддал премногу? Ако се покаже дека тој навистина поткажал тајни информации, тогаш довербата во него ќе биде уште повеќе разнишана- и на меѓународно ниво, смета Миодраг Шориќ.
Реклама
Сѐ уште не се сите факти на маса. Прерано е за да може со сигурност да се каже: Доналд Трамп токму на претставници на руската влада (рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак) им оддал доверливи информации. Па сепак целата дискусија околу тоа, значително му наштетува на американскиот претседател. Тој не може да се ослободи од сомнението дека скришно соработува со Кремљ, најнапред во предизборната кампања а сега во Белата куќа.
Една последица ќе биде: на Трамп ќе му биде уште потешко да најде наследник на неодамна отпуштениот директор на ФБИ, Џејмс Коми, бидејќи пријателите и противниците во Конгресот сега гледаат со уште поголема недоверба кон овој претседател. А Сенатот мора да го потврди изборот на новиот шеф на ФБИ, кој Трамп допрва треба да го назначи.
Недовербата во Трамп станува поголема
Друга последица би можела да биде: сојузниците на САД да се воздржуваат од предавање на разузнувачки информации на Вашингтон. Кој знае, што сѐ овој претседател би можел уште да поткаже низ муабет? Откривањето на разузнувачки сознанија би можело значително да ја загрози безбедноста на САД. А поттикнува и недоверба кај сојузниците.
Со оглед на ваквите последици, советниците на Трамп и администрацијата итаат да ги отфрлат сите обвинувања. Досега без успех. Сѐ повеќе Американци веруваат дека овој претседател би можел да стори речиси сѐ: овој 70-годишник, кој се однесува како дете, овој човек, кој едвам се контролира, и чии суета и желба за допаѓање секогаш одново се покажуваат како фатални.
Сѐ поголем безбедносен ризик
Дури и ако нема вистина во сомневањата, последните дискусии јасно укажуваат на тоа дека Американците и сојузниците веруваат дека овој претседател е во состојба да го стори тоа. Да му поткаже доверливи информации на непријателот, за да се фали, за да се направи важен за да предизвика внимание.
Грешките на Трамп кај пратениците во Конгресот будат најлоши стравувања. Демократите овој претседател го сметаат за безбедносен ризик. Републиканците притивречат сѐ потивко, но и се прашуваат: Што да се прави? Соотповикување да се отстрани од функцијата, тоа може долго да трае. Во овој момент, исходот би бил целосно неизвесен, така што Републиканците се во состојба на вкочането исчекување, и за почеток не прават ништо. До наредниот скандал. Кај овој претседател имено не мора да се чека уште долго.
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Шефот на Белата куќа има најголема моќ во светската политика – барем така се верува. Но, дали е навистина така? Овластувањата на претседателот на САД се ограничени. И други актери играат важна улога.
Фотографија: Klaus Aßmann
Така вели Уставот...
Претседателскиот мандат во САД трае четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, односно управува со извршната власт. Задача на претседателот е да ги спроведува законите изгласани од Конгресот. Претседателот како највисок дипломат може да прима странски амбасадори и на тој начин да признава држави.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој кого контролира?
Трите власти - законодавната, извршната и судската - се поделени и се контролираат меѓусебно. Претседателот има право да помилува осуденици и да ги назначува федералните судии, министрите во кабинетите и амбасадорите на САД - но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавната власт ги контролира активностите на извршната власт.
Фотографија: Klaus Aßmann
„State of the Union“
Американскиот претседател е должен редовно да го информира Конгресот за состојбата на државата. Тоа го прави ова во годишниот „говор за состојбата на нацијата“ („State of the Union“). Претседателот нема право да предлага закони на Конгресот, но за време на говорот може да наведе своите теми и приоритети. Со тоа тој може јавно да врши притисок врз Конгресот. Но, ништо повеќе од тоа.
Фотографија: Klaus Aßmann
Претседателско вето
Претседателот може да одбие да потпише закон донесен од Конгресот и тоа всушност неговото право на вето. Конгресот може да го отфрли претседателското вето само доколку обезбеди двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Во историјата на САД се познати 1.500 случаи на претседателски вета. Од нив, само 111 (7%), биле успешно надгласани.
Фотографија: Klaus Aßmann
Сива зона
Уставот на САД и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна слика за тоа колкава моќ има претседателот. Всушност, претседателот има право на уште еден вид вето, познато како "џебно вето". Под одредени услови, претседателот може одреден закон да со „стави во торба“ и со тоа тој станува неважечки. Овој тип на вето не може да биде надгласано во Конгресот. Овој трик бил користен скоро 1.000 пати.
Фотографија: Klaus Aßmann
Наредби со сила на закон
Претседателот на САД на членовите на владата може да им наметне одреден начин на однесување. Тој издава препораки, т.н „извршни наредби“ (Executive Orders), имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека на претседателот сè му е дозволено: судовите можат да ги поништат наредбите, Конгресот - да ги сопре со соодветни контра закони, а следниот претседател може да ги укине.
Фотографија: Klaus Aßmann
Конгрес...
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои потоа треба да бидат одобрени со мнозинство во Сенатот. Ова може да се избегне, ако наместо договор претседателот склучи еден вид меѓувладин договор т.е. „извршен договор“ (Executive Agreement). Ваквите договори се валидни се додека Конгресот не ги оспори или не ги укине со закон.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој може да објави војна?
Претседателот е врховен командант на вооружените сили на САД, но војна може да објавува само Конгресот. Сепак не е многу јасно колку војска смее да испраќа претседателот во вооружените конфликти без одобрение на Конгресот. По војната во Виетнам, Конгресот го усвои следново правило: претседателот може да ги користи надлежностите се додека Конгресот не ги оспори.
Фотографија: Klaus Aßmann
Ултимативна контрола
Ако претседателот ги надмине или злоупотреби овластувањата или изврши кривично дело, Претставничкиот дом, против него може да отпочне процедура за отстранување од должноста. Досега имало два такви обиди, но и двата завршиле несупешно. Сепак, постои многу ефикасен инструмент за да се сопре претседателското самоволие: тоа намалувањето на буџетот – што е во надлежност на Конгресот.