Следниот самит посветен на Брегзит е во среда во Брисел, а Тереза Меј сѐ уште нема план за излегувањето од ЕУ. Разговорите со опозицијата се заглавени, во нејзината влада кавги, ЕУ е вознемирена.
Реклама
Во неделата попладне Тереза Меј ја употреби тактиката „нападот е најдобра одбрана". Седната на софа во нејзината летна резиденција Чекерс, покај неа чаша вода, и се обрати на јавноста објаснувајќи му ја на својот народ досегашниот Брегзит - хаос. Парламентот до сега три пати го отфрли договорот за излез од ЕУ. И таа признава дека нејзиниот договор со ЕУ веројатно повеќе нема шанси: "Во моментот, како што стојат работите, не гледам дека тие (пратениците) ќе го прифатат." Барем сега е јасно дека британската премиерка нема да се обиде да го стави на гласање по четврти пат.
Меј ќе испроба сѐ
Тереза Меј во нејзиниот „софа-говор" го одбрани пред се нејзиниот обид да пронајде надпартиско решение со опозициската Лабуристичка партија. Таа често не се согласува со нивната политика, но се прашува дали може да се изнајде некакво решение „кое ќе осигура дека имаме добар договор кој ќе добие поддршка во парламентот." Впрочем, избирачите кога гласаа за или против Брегзит не се водеа од нивната партиска определба.
Освен тоа Ториевците и Лабуристите во едно се согласни: сакаат да го запрат слободното движење на лица, да ги заштитат работните места и да го испорачаат „Брегзи“ за кој граѓаните гласаа пред три години. Последново сепак важи само за делови од Лабуристичката партија – таа е исто така поделена како и конзервативците околу тоа "дали“ и „како“ да се изведе Брегзит.
Збогум Британија, ние си заминуваме...
Британските компании многу пати предупредуваа за потенцијалните негативни последици по економијата од Брегзит. По референдумот за напуштање на ЕУ, некои компании размислуваат да ги релоцираат компаниските седишта.
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm
Водафон
Втората по големина компанија за мобилна телефонија во светот ја разгледува опцијата да го премести своето седиште надвор од Британија по Брегзит. Диселдорф би можел да биде една од опциите за новото седиште на компанијата. Водафон веќе е присутна во германскиот град каде вработува околу 5.000 луѓе, исто така, Германија е најголемиот пазар на компанијата.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Hayhow
Рајанер
Најголемата авиокомпанија за ефтини летови во Европа официјално е регистрирана во Ирска, но голем дел од нејзината флота е лоцирана во Британија. Но, тоа може наскоро да се смени – од Рајанер најавуваат дека своите летала повеќе нема да ги стационираат таму.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Scholz
Изиџет
Втората по големина авиокомпанија за ефтини летови во Европа е базирана во Лондон, но, до кога? „За тоа ќе видиме“, изјави извршната директорка на компнанијата Керолин Мек Кол во телевизиско интервју. Изиџет е една од најпрофитабилните компании во Европа.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Guillot
Вирџин
Ричард Бренсон е еден од најпознатите бизнис личности во Британија. За Брегзит тој изјави: „Британија е насочена кон економска катастрофа“. Неговиот конгломерат изгуби една третина од вредноста по референдумот во земјата. Бренсон ја повика владата да организира втор референдум.
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Leal-Olivas
ЏејПиМорган Чејс
Најголемата банка во САД вработува околу 16.000 луѓе во Лондон. Но, менаџментот сега разгледува повеќе можности да премести дел од операциите надвор од Британија. Извршниот директор на банката, Џејми Димон, пред референдумот изјави дека помеѓу 1.000 и 4.000 работни места може да бидат преместени надвор од Лондон доколку се случи Брегзит.
Фотографија: Getty Images/C.Gillon
Виза
Оваа компанија ќе нема голем избор освен да го намали бројот и обемот на активностите во Британија, што ќе доведе до кратење на стотици работни места. Според регулативата на ЕУ, компанијата мора да одржува центар за податоци во земја на ЕУ. Што практично ќе значи крај за податочниот центар на компанијата во Лондон.
Фотографија: Imago
Форд
Од Форд неколку пати изјавија дека Британија е „клучен пазар“ за компанијата во Европа. Фабриката на Форд во Дагенхам произведува делови и мотори за филијалите на компанијата во Германија. По одлуката за напуштање на ЕУ, од Форд изјавија дека компанијата ќе ги преземе сите потребни мерки да остане конкурентна на пазарот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Јагуар Ленд Ровер
Сепак, сите компании не се песимисти. „Ние сме Британци и стоиме зад Британија“, изјави Едријан Халмарк, одговорен за стратегии во Јагуар Ленд Ровер. Нема промени во нашите бизнис планови, уверува Халмарк за периодот од следните две години во кои Британија со сигурност ќе остане дел од ЕУ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Jones
8 фотографии1 | 8
Тереза Меј со нејзиниот говор до нацијата сака да постигне две нешта: таа бара квази разбирање за настаната ситуација и вината за тоа му ја префрла на парламентот. Конечно тој исто така забрани излегување од ЕУ без договор. Веќе денес таа одлука треба да стапи на сила и со тоа и ги врзува рацете на владата.
И второ Меј се обидува вината да им ја префрли на Лабуристите ако и оваа среда замине за Брисел со празни раце, како што сега изгледа работата. Речиси е невозможно како тие би можеле да постигнат компромис во наредните два дена, да го стават на дневен ред во парламентот и да биде изгласан.
Колку е искрена потрагата по компромис?
И покрај критичната состојба за земјата – на која веќе во петок и се заканува следниот термин за тврд Брегзит – во Лондон продолжуваат партиските задкулисни игри. Двете страни се несигурни во однос на ставовите на другиот и немаат доверба во искреноста на понуденото. Условите што и беа наменатни на британската премиерка Тереза Меј на самитот на ЕУ од 21 март се јасни. Таа требаше најдоцна до викедот да го спроведе договорот во Парламентот ако сака да добие нов датум за Брегзит на 22 мај. За понатамошно одложување на датумот за излез, ЕУ сака да и биде претставен конкретен план. Во таков случај Велика Британија ќе треба да учествува на престојните европски избори на крај на мај и да добие обновен подолг рок. Во меѓувреме времето не треба повеќе да си го троши на понатамошни внатрешни расправии туку ќе мора или да спроведе втор референдум или нови избори, или пак да достави сериозен и оддржлив план за излез од кризата.
Наместо тоа Тереза Меј моли за нов грејс период до 30 јуни. Но, засега нема понуда за такво нешто, Брисел стравува дека ова ќе прерасне во бесконечно одложување кое ќе ја исцрпи ЕУ и ќе ја оттргне од поважни проблеми со кои се соочува.
Брегзит или не: Зошто ѝ покрај тоа ги сакаме Британците
Британскиот парламент го отвори договорот за Брегзит на премиерката Меј. Сега сѐ поизвесен е „болен развод“ со ЕУ. Според многу Европејци, тоа е целосно непотребно. Изјава на љубов до Британците во десет слики.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Го сакаме кралското семејство!
Никој не седел толку долго на престолот, како кралицата Елизабета Втора. Од 1952 година таа е кралица на Британците и се залага за дисциплина, стабилност и традиција. Вообичаено два чекора зад неа, големата љубов на нејзиниот живот: сопругот, принцот Филип. Оваа година таа го слави својот 93-ти роденден, а тој има 98 години.
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Stansall
Сакаме поп музика од Велика Британија
Тие се едноставно легендарни - Ролинг Стоунс: Мик Џегер, Чарли Вотс, Кит Ричардс и Рон Вуд. На 24 март 2016 година, култниот бенд имаше концерт во Хавана, Куба, испишувајќи музичка историја.
Тауер бриџ во Лондон: од 1894 година, мостот во центарот на британскиот главен град е едно од најпрочуените знаменитости на метрополата. Лондон е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, со повеќе од 30 милиони туристи годишно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Ги сакаме хероите од нивните книги
Авантурите на ученикот за волшебник Хари Потер од Џоан К. Роулинг воодушевуваат деца ширум светот. На сликата е прикажан Хари Потер, кој го игра Даниел Редклиф, во својата втора година на обука во Хогвортс, на училиштето за магии и волшебништво.
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpa-Film Warner
Ги сакаме убавите британски модели
Наоми Кемпбел е клучен дел од меѓународниот моден бизнис околу три децении. Родена во Лондон, таа беше првиот црномурест модел кој се појави на насловната страна на францускиот Вог и ѝ припаѓаше на генерацијата на супермодели во 1990-тите.
Фотографија: DW
Го сакаме британскиот хумор
Ретко кој ги растегнува мускулите за смеење толку многу како Роуан Аткинсон, алијас Мистер Бин. Истоимената серија-комедија беше оригинално прикажувана од 1989 до 1995 година и ужива култен статус.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Ги сакаме нивните извонредни градини и паркови
Градините Кју во југозападниот дел на британскиот главен град Лондон се меѓу најстарите ботанички градини во светот. Британците се познати по „зелениот палец" и се сметаат за специјалисти за косење трева. Никој во Европа нема толку убави градини и паркови како Британците.
Фотографија: Reuters/T. Melville
Го сакаме нивниот стил
Не станува збор за брзина, туку за елеганција и класа. Пример за тоа се култните автомобили од Велика Британија, како што е Ролс-Ројс. Иако брендот оттогаш е купен од страна на Германците, тој останува британски класик.
Фотографија: imago/Felix Jason
Го сакаме нивниот чуден вкус
Кога станува збор за кулинарството, со сигурност има други европски земји кои се во предност. Но, ако Британците останат со нас во ЕУ, нема да се жалиме на пивото без пена и јагнето со сос од нане. Ветуваме!
Фотографија: Styko
Ја сакаме нивната традиција
Дури од нив научивме колку убаво може да биде панорамското разгледување. Црвените двокатни автобуси во Лондон се повеќе од само превозно средство. Тие сѐ уште се клучен белег на британската метропола на Темза.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel/McPhoto
10 фотографии1 | 10
Освен тоа постои страв од субверзивни акции на Брегзитерите во можната идна влада, доколку Британците уште долго време останат во клубот како контрапродуктивна членка. Еден твит од Џејкоб Рис-Мог им служи како доказ на скептиците, бидејќи овој тврдокорен Брегзитер вели дека човек мора "да ја искористи преостаната моќ за да ја отежни ситуацијата" , ако сака уште да се држи за скутот на ЕУ. Тој меѓу другото лобира и за неговиот брегзитерски колега Борис Џонсон оценувајќи го како умерен човек „кој може да ја обедини партијата и да да победи на избори."
ЕУ пак е во менгеме. Таа стравува од деструктивната моќ на спорот околу Брегзит врз претстојните европски избори и нејзината иднина. Поголемиот дел би сакале да ги видат Британците надвор уште денес. Сепак никој не сака да биде виновен ако земјата по тврд Брегзит западне во хаос. Белгискиот пратеник од Зелените, дава заклучок со филозофска мисла: „Се додека не се надвор, тие се тука," вели Филип Ламберс.