1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: одлучувачка недела

Барбара Везел
11 март 2019

Утре парламентот во Лондон повторно ќе гласа за договорот за Брегзит. Брисел не ја испорача посакуваната магична формула за решавање на спорот. Ако Тереза Меј не успее, изгледа ќе има одложување на Брегзит.

England, London: Brexit Proteste
Фотографија: Reuters/H. Nicholls

Дали неделава во британскиот парламент ќе има одлука за договорот за Брегзит? Дали гласањето во вторник ќе донесе страшен крај во рамки на рокот, или бескрајно продолжување на ужасот?

Тереза Меј ја оддолжуваше битката за излез на Велика Британија од Унијата се до последен момент. До официјалниот датум за Брегзит, 29.март, има само уште 2 недели. Сепак и натаму е нејасно кој ќе биде исходот од кавгата во Лондон околу ова прашање.

Последен апел

Во петокот премиерката допатува во пристанишното гратче Гримсби на североистокот на земјата каде што 60 проценти од граѓаните гласаа за Брегзит. По пропаста на рибната индустрија местото се бори за преживување. Домаќин за последниот апел на Меј кон Британците беше данска компанија за обновлива енергија од ветерници. Премиерката изгледа има страшен сенс за иронија.

Меј од ЕУ побара да вложи "последни напори" за да се заокружи неделава процесот околу Брегзитот. Како да е во интерес на Европјаните да им помогнат на Британците да излезат од ЕУ. Таа се закани и дека конзервативните хардлајнери самите го загрозуваат Брегзитот ако не гласаат конечно за договорот.

Фотографија: picture-alliance/empics/C. Furlong

Повеќе:

-Тајани: Брегзит може да се одлoжи за само неколку недели

-Меј попушта и нуди гласање за одлагање на Брегзит

-Брегзит ја парализираше Британија

Во недела министерот за надворешни работи Џереми Хант беше гостин во емисија на БиБиСи и уште појасно рече дека "доколку договорот неделава не добие мнозинство во парламентот, постои опасност да се изгуби Брегзитот”. Доколку гласањето во парламентот повторно не успее, тогаш веќе 2/3 од патот кон „no Brexit" бил изоден. А, тоа според него, би имало тешки последици за иднината на партијата на Конзервативците.

Лоши изгледи за Меј

Апелот тешко дека некого ќе предомисли во последна минута. Се очекува Меј повторно да доживее неуспех на гласањето во вторник. Таа во сопствената партија ја има поддршката од умерените приврзаници на Брегзит, неколкумина од про-европските кои се подготвени за компромис, како и дел од пратениците на Лабуристите. Колку такви има во редовите на Лабуристите и дали ќе може да ја спасат Меј, е нејасно.

Против договорот е големото мнозинство од опозицијата: Лабуристите, шкотската СНП, новите независни и Либералните. Пресудно ќе биде како ќе се постави северноирската ДУП и радикалните Брегзитери кај Конзервативците околу Џејкоб Рис Мог. Тој во последно време дава двосмислени сигнали. Од една страна покажа подготвеност за компромис, од друга страна договорот со ЕУ за истапување го оквалификува како неприфатлив и неподнослив. И поранешниот Брегзит министер и деклариран хардлајнер Дејвид Дејвис во неделата изјави дека "договорот е страшен". Тоа не наликува на поддршка.

Како да се тера понатаму, ако Меј изгуби?

Изминатиот викенд во Брисел изгледа дефинитивно пропаднаа преговорите околу корекцијата на ирскиот Бекстоп и гаранцијата против тврда граниа кон Ирска. Се покажа дека британскиот јавен обвинител Џефри Кокс како лидер на преговорите повеќе му наштети отколку што го помогна процесот.

Кокс се обидувал политички проблем да реши со правни средства, беа поплаките од страна на ЕУ. Затоа се се вртело во круг. Ако премиерката го изгуби гласањето за договор со ЕУ, на парламентот му вети гласање за прашањето дали треба да биде исклучена опцијата No-Deal, односно Брегзит без договор.

Следен чекор би било пратениците Меј со заклучок да ја присилат во ЕУ да бара продолжување на рокот за Брегзит. Веројатно таа ќе ја пресретне таквата можност и самата ќе го побара тоа.

Колку долго ќе трае продолжувањето?

Колку долго треба да трае дополнителното време се уште е нејасно. Меј сака само кусо техничко продолжување до крајот на јуни. Таа сака на самитот во Брисел на 21 и 22 март уште еднаш да се обиде шефовите на влади лично да ги убеди да ги направат клучните отстапки. Додуша тоа до сега не и успеа но Меј е крајно упорна. Последното гласање за договорот за излез со ЕУ тогаш може да се случи во последните недели од март, три дена пред официјалниот термин за Брегзит.

Тема на дебата се многу подолгорочни рокови: има гласови во ЕУ, кои сакаат да им дадат на Британците време до 2020 година, за да биде јасно „како“ и „дали“ ќе биде спроведен Брегзит. Оваа идеа во последно време е поддржана од неколку британски конзервативци.

Останува уште опцијата за втор референдум како излез од ќорсокакот. Лабуристичката партија размислува дали да се соглси со дилот на Мејл под услов граѓаните да можат да гласаат за тоа. Оваа опција веројатно нема да биде предложена неделава. Партиското раководство чека поволен момент во последна минута.

Конечно останува прашањето дали и колку долго премиерката ќе може политички да го преживее Брегзит-хаосот кој сама го направи.

Постои уште еден обид, таа да се натера предвреме да се повлече во следните месеци и на тој начин да се пренасочи се кон тврдокорните Бгрезитери. Во моментов не изгледа дека такво нешто ќе се случи. И за Меј повторно важи истата реченица, дека сите вести за нејзин скорешен политички крај во голема мера се претерани.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми