Долниот дом на британскиот парламент во првото читање прифати измена на договорот за Брегзит. За предлог-законот на премиерот Борис Џонсон гласаа 340 пратеници, а 263 беа против.
Реклама
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, доцна вечерта освои мнозинство во Долниот дом на парламентот, со што ја помина првата пречка за усвојување на предлог-законот, кој многумина го сметаат за спротивен на меѓународното право, а со кој тој сака да прекрши делови од договорот за Брегзит.
Нацрт-законот за регулирање на внатрешниот пазар,на премиерот Џонсон, кој има комотно мнозинство од 80 пратеници во Долниот дом на парламентот, во првото читање доби поддршка од 340 пратеници во однос на 263 кои гласа „против“.
За конечниот предлог-закон ќе се расправа во парламентот уште четири дена. Џонсон победи на гласањето и покрај растечкиот револт кај пратениците од неговата Конзервативна партија, кои сметаат дека кршењето на меѓународното право ќе го наруши угледот на Велика Британија.
Пред гласањето британскиот премиер оцени дека е неопходно да се донесе овој закон со оглед на тоа што Европската унија не го тргнала „пиштолот од масата“ во преговорите за идното уредување на меѓусебните трговски односи.
Брегзит или не: Зошто ѝ покрај тоа ги сакаме Британците
Британскиот парламент го отвори договорот за Брегзит на премиерката Меј. Сега сѐ поизвесен е „болен развод“ со ЕУ. Според многу Европејци, тоа е целосно непотребно. Изјава на љубов до Британците во десет слики.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Го сакаме кралското семејство!
Никој не седел толку долго на престолот, како кралицата Елизабета Втора. Од 1952 година таа е кралица на Британците и се залага за дисциплина, стабилност и традиција. Вообичаено два чекора зад неа, големата љубов на нејзиниот живот: сопругот, принцот Филип. Оваа година таа го слави својот 93-ти роденден, а тој има 98 години.
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Stansall
Сакаме поп музика од Велика Британија
Тие се едноставно легендарни - Ролинг Стоунс: Мик Џегер, Чарли Вотс, Кит Ричардс и Рон Вуд. На 24 март 2016 година, култниот бенд имаше концерт во Хавана, Куба, испишувајќи музичка историја.
Тауер бриџ во Лондон: од 1894 година, мостот во центарот на британскиот главен град е едно од најпрочуените знаменитости на метрополата. Лондон е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, со повеќе од 30 милиони туристи годишно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Ги сакаме хероите од нивните книги
Авантурите на ученикот за волшебник Хари Потер од Џоан К. Роулинг воодушевуваат деца ширум светот. На сликата е прикажан Хари Потер, кој го игра Даниел Редклиф, во својата втора година на обука во Хогвортс, на училиштето за магии и волшебништво.
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpa-Film Warner
Ги сакаме убавите британски модели
Наоми Кемпбел е клучен дел од меѓународниот моден бизнис околу три децении. Родена во Лондон, таа беше првиот црномурест модел кој се појави на насловната страна на францускиот Вог и ѝ припаѓаше на генерацијата на супермодели во 1990-тите.
Фотографија: DW
Го сакаме британскиот хумор
Ретко кој ги растегнува мускулите за смеење толку многу како Роуан Аткинсон, алијас Мистер Бин. Истоимената серија-комедија беше оригинално прикажувана од 1989 до 1995 година и ужива култен статус.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Ги сакаме нивните извонредни градини и паркови
Градините Кју во југозападниот дел на британскиот главен град Лондон се меѓу најстарите ботанички градини во светот. Британците се познати по „зелениот палец" и се сметаат за специјалисти за косење трева. Никој во Европа нема толку убави градини и паркови како Британците.
Фотографија: Reuters/T. Melville
Го сакаме нивниот стил
Не станува збор за брзина, туку за елеганција и класа. Пример за тоа се култните автомобили од Велика Британија, како што е Ролс-Ројс. Иако брендот оттогаш е купен од страна на Германците, тој останува британски класик.
Фотографија: imago/Felix Jason
Го сакаме нивниот чуден вкус
Кога станува збор за кулинарството, со сигурност има други европски земји кои се во предност. Но, ако Британците останат со нас во ЕУ, нема да се жалиме на пивото без пена и јагнето со сос од нане. Ветуваме!
Фотографија: Styko
Ја сакаме нивната традиција
Дури од нив научивме колку убаво може да биде панорамското разгледување. Црвените двокатни автобуси во Лондон се повеќе од само превозно средство. Тие сѐ уште се клучен белег на британската метропола на Темза.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel/McPhoto
10 фотографии1 | 10
Џонсон пред пратениците истакна дека е клучно да Велика Британија да им се спротистави на „апсурдните закани“ од Брисел, како онаа дека Лондон поставува бариери меѓу Британија и Северна Ирска и наметнува блокада на храна, што, според него, претставува закана за единството на Обединетото Кралство. Брисел, пак, наведува дека планот на Џонсон би ги уништил трговските преговори и би предизвикал „тврд“ неуреден Брегзит.