1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Продолжува политичкиот рингишпил

Барбара Везел
28 март 2019

Хаосот подолжува: Тереза Меј понуди оставка, ако пратениците Ториевци го поддржат нејзиниот договор. Северноирската партија ДУП и натаму одбива. Парламентот безуспешно гласа за разните варијанти на Брегзит.

UK, London: Protest Brexit
Фотографија: Reuters/D. Martinez

На крајот т.н. „мажи во сиви одела" го донесоа првиот пресврт на денот. Делегација од постари претставници на Конзервативците и ја пренесоа на премиерката несреќната вест дека голем дел од нејзината партија ја изгубикле довербата во неа. Тоа на Тереза Меј одамна и беше јасно, но таа и натаму се однесуваше како тоа да не ја засега. Веќе со недели кружи "муабет”дека десните Ториевци биле подготвени да гласаат за договорот што Тереза Меј го постигна со ЕУ, под услов таа истовремено да најави повлекување од функцијата. Таа долго беше воздржана бидејќи не сакаше да дозволи да биде избркана од хардлајнерите. Вчера изутрина веќе не можеше да види друг излез бидејќи по гласањата и повлекувањата на министри веќе немаше мнозинство. Во емотивен говор пред состанокот на фракцијата на Конзервативните премиерката рече: „Разбрав какво е расположението. Знам дека има желба за нов почеток и промена на раководството." Била подготвена да ја напушти функцијата порано отколку што било планирано ако пратениите и дадат мнозинство за договорот.

Луѓето во салата беа трогнати до солзи. Пратеници раскажуваат дека се оддавала почит за достоинството на Меј и нејзиното чувство за одговорност. Џејкоб Рис Мог ја фалеше нејзината храброст што ја покажала "на заминување”. Току многу пријателски зборови во фракцијата одамна немало за премиерката. Притоа нескриено беше и одушевувањето на групата заговорници на Брегзитот колу тоа дека е почната трката за нејзин наследник.

Краток триумф на превртливите

Борис Џонсон, Мајкл Гов, Доминик Раб и други со недели се на позиција, но некои од нив претходно се покажаа како надарени превртливци. Групата на тврдите Брегзитери и други пртивници на Меј веќе два пати гласаа против договорот на премиерката за истапување. Но, сега одеднаш препознаа можност да се гласа за. Џејков Рис Мог тоа го образложи со тоа што "половина парче леб било подобро отколку да остане без леб”и затоа сега ќе гласал за договорот. Џонсон се приклучи, исто и Данхам Смит и други бунтовници.

Фотографија: Reuters/UK Parliament/J. Taylor

Изминатите денови и месеци тие зборуваа за „најлошиот договор до сега", „самоубиствен појас“, чиј што детонатор е во рацете на ЕУ, „неприфатлив" итн. Но, изгледите хардлајнер да дојде на местото на Меј придонесе тешките обвинувања за кратко време да бидат заборавени.

ДУП ја активираше бомбата

Аналитичари пресметаа дека и по најновиот развој на нештата сепак нема да може да се најде мнозинство за Брегзит договорот. Меј второто гласање го загуби со 75 гласа. Ако 20 до 30 од хардлајнерите останат на нивното "не” и натаму нема да има доволен број гласови за договорот за истапување. Доцна вечерта северноирската партија ДУП ја активираше бомбата: жалеле што не биле во состојба да ја поддржат премиерката. За такво важно прашање за унија меѓу Северна Ирска и Велика Британија не можеле ниту да гласаат воздржано. Со тоа договорот за Брегзит е мртов. Спикерот на Долниот дом пак, кој претходно предупреди дека нема да дозволи трето гласање за истиот предлог, веројатно во таква ситуација ќе ја реализира заканата.

Повеќе:

-Брегзит: Лондончани со страв гледаат кон иднината

-Лондон: Парламентот веќе не ја прашува Меј

-Самрак за Тереза Меј

Парламентот осум пати вели „не”

Сонот на парламентот дека би можел да ја одземе контролата на владата над иднината на Брегзитот, се покажа илузорен. Неуспехот на пратениците не се должи на процесуални пречки бидејќи тие сепак успеаја да поднесат осум различни варијанти на Брегзит наспроти волјата на владата. Тие не успеаја заради нивната сопствена неуиграност. Иако претходно имаше надпартиски преговори за да се постигне мнозинство, на крајот сепак ниту една од понудените варијанти не помина. Дури и цврсто не за Брегзит беше одбиено од големото мнозинство на Парламентот. Но, со тоа не се направи ни чекор напред во смисла на откривање какво решение всушност сака мнозинството пратеници. Најуспешен беше предлогот Велика Британија да остане во царинска унија со ЕУ.

Фотографија: Reuters TV

Но, и за него не се најде мнозинство. Исто така одбиен беше предлогот по примерот на Норвешка за внатрешен пазар, нов заеднички пазар или повлекување на членот 50 од договорот или втор референдум.

Таквата серија гласања ја уништи секоја надеж на умерените пратеници дека парламентот би можел наместо владата да ја преземе контролата за иднината на Брегзит. Таквите гласања „за опипување терен" беа уште еден неуспех.

Во Брисел мора „да им се исправа косата” што Британците и натаму не можат да кажат „што навистина сакаат". Партиите, владата и јавноста се толку раскарани околу темата Брегзит што било каков компромис изгледа невозможен. Велика Британија и натаму е заглавена во слепа улица. Со тоа тврдиот Брегзит на 12.април е се поблиску, ако не се најде парламентарно мнозинство за продолжување на рокот до крајот на годината. Но, тоа би значело и дека земјата мора да учествува на изборите за Европскиот парламент.

Дали има за Меј повклекување на одлкуката за повлекување?

Дури и судбината на Тереза Меј во меѓувреме ќе биде запечатена на среден рок. Речиси е незамисливо, дека нејзината партија ќе дозволи повлекување од одлуката за повлекување, дури и покрај тоа што таа ја понуди под одредени услови. Премиерка на која постојано и недостасува мнозинство во парламентот мора некогаш да се откаже од обидот да владее. Исто така е во принцип е незамисливо, како таа сакаше да ја води земјата со тековната Брегзит криза. Единствено демократско и соодветно решение сега би биле само нови избори и/или втор референдум. Но, на ваквите предлози Тереза Меј тврдоглаво постојано вели „не“. По овој натамоше ден полн со драма и голем политички театар Британците се на иста точка како и вчера утро. Ова е еден вид опасен вакуум – и се чини никој не може да го најде клучот за да го запре овој рингишпил.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми