1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добредојдовте во Брегзит... оставете го сендвичот

БГ /АФП
11 јануари 2021

Холандските цариници се снимени како конфискуваат сендвичи и друга храна од патници на брод кој пристигнал од Британија, наведувајќи ги како причина новите правила по Брегзит.

Nordirland Zugang Hafen Larne
Фотографија: Paul Faith/AFP

На снимките направени минатата недела можат да се видат цариници како стопираат возачи на автомобили и камиони.

„Добредојдовте во Брегзит господине... жал ми е“, вели еден цариник додека му го одзема сендвичот на еден возач на камион, кој е Полјак.
Возачот потоа го прашува холандскиот цариник дали може „да му го земе само месото и да му го остави лебот?“ Но цариникот одговара: „Не, се ќе биде конфискувано“. 

-повеќе на темата: Евротунел: „Симбол на блискост“ и покрај Брегзит

На снимката се гледа како на друг возач му одземаат рибни производи.

Согласно новите правила, по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 1 јануари годинава, забрането е внесување на месни или млечни производи, дури и за лична употреба, во ЕУ. Правилото има за цел да спречи влез на прехранбени производи кои можат да пренесуваат болести. 

Празни рафтови во продавница на „Маркс и Спенсер“ во Франција поради БрегзитФотографија: Lafargue Raphael/ABACA/picture alliance

-повеќе на темата: Брегзит: Како Голема Британија стана мала

Новите правила тешко го погодија и британскиот трговски ланец „Маркс и Спенсер“ кому не му е дозволено да ги продава своите популарни сендвичи и готови јадења во Франција откако Британија ја напушти ЕУ.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми