1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бредли Менинг се извини

ЕМФ/дв15 август 2013

Информантот на Викиликс Бредли Менинг јавно изрази жалење поради своите постапки. Тој пред судот рече дека му е жал што им нанесол штета на САД. Дали Менинг го прави тоа со надеж за пониска казна?

Фотографија: Reuters

Бредли Менинг првпат се извини поради тоа што на интернет платформата Викиликс ѝ проследил илајдници документи. „Жал ми е што моите постапки им нанесоа штета на луѓе. Жал ми е што им е нанесена штета на САД“, изјави 25-годишниот Менинг при сослушувањето во Воениот суд во Форт Мид, кај Вашингтон (на фотографијата - Бредли Менинг го напушта судот по сослушувањето).

Капларот Менинг потенцираше дека е свесен какви одлуки донесол и што сторил, нагласувајќи дека сакал да им помогне на луѓето, но дека во меѓувреме му станало јасно оти направил грешка. Тој подвлече дека требало „да работи многу поофанзивно во рамки на системот“. „Сакам да станам подобар човек, да посетувам универзитет за да дипломирам“, изјави Менинг.

Изјавата на Бредли Менинг е дел од судската постапка во која се определува големината на казната за лице кое е веќе прогласено за виновно. Менинг беше прогласен за виновен пред околу две недели за шпионажа, издавање државна тајна, компјутерска измама и кражба.

Тој призна дека како аналитичар во тајната служба на армијата за време на стационирањето во Ирак, во периодот од ноември 2009 до мај 2010 година, на интернет платфромата Викиликс ѝ проследил стотици илјади тајни американски документи. Судот го прогласи за виновен по 19 од 21 точки од обвинението. Менинг беше ослободен од обвинението за „поддршка на непријателот“, кое е особено тешко.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми