Два милијардери водат мртва трка околу вселенските летови. Британецот е цврсто решен да полета во вселената неколку дена пред неговиот американски ривал.
Реклама
Британскиот милијардер и авантурист Ричард Бренсон има намера на 11 јули да полета во вселената. Овој датум за планираната мисија „Јунити 22“ ја објави компанијата на Бренсон „Вирџин Галактик“. Но, неговото летало „СпејсШип Ту Јунити“, во кое има место за двајца пилоти и шест патници, ќе може да полета тој ден само ако времето биде убаво и ако нема технички проблеми.
„Јас секогаш бев сонувач“, напиша Бренсон на Твитер. Тој вели дека неговата мајка го научила никогаш да не се откажува и да настојува да ги дофати ѕвездите. Сега е време за остварување на тој сон, вели Бренсон.
Предност од девет дена?
Ако сѐ се одвива според планираното Бренсон би успеал да полета во вселената пред неговиот американски ривал Џеф Безос. Фирмата на основачот на „Амазон“, „Блу Ориџин“, најави во мај дека летот во вселената со ракетата „Њу Шерпард“ е планиран за 20 јули.
Најбогатиот човек во светот Безос, проценката на неговиот богатство според Форбс изнесува 198 милијарди долари, има намера со себе во вселената да ги поведе, меѓу останатите, својот брат Марк и поранешната американска пилотка Вали Фанк. Едно место во леталото пред неколку недели беше продадено на аукција за 28 милиони долари, а сѐ уште е непознато кој го купил. Тие би требале да полетаат на висина од околу 100 километри. За споредба, авионите летаат на висина од околу 10 километри.
57-годишниот Безос во понеделник, по 30 години, ќе го препушти оперативнто работење на Амазон на Енди Џеси, досегашен шеф на клауд-одделот на Амазон, за да се подготви за новата мисија.
Имаат намера да нудат туристички летови во вселената
По летот на 11 јули Бренсон, како што рече, има намера да објави „многу возбудлива“ најава. Повеќе луѓе би требало да добијат шанса да станат астронаути, вели овој 71-годишен милијардер.
Бренсон и Безос во моментов водат остра битка кој прв ќе полета, а двајцата сакаат наскоро да понудат комерцијални, туристички летови во вселената. На пазарот на вселенски летови засега се наоѓа само фирмата на основачот на „Тесла“, Елон Маск. Неговиот „Спејс екс“ веќе превезе астронаути на Меѓународната вселенска станица ИСС.
Разгледници од вселената
Сентинел 1 беше лансиран во вселената на 3. април 2014. година. Првиот сателит во рамките на европската програма за набљудување на Земјата - Коперникус треба да обезбеди податоци за анализа на животната средина.
Фотографија: ESA – S. Corvaja
Први фотографии од новиот сателит
Сентинел -1 би требало да тестира една револуционерна идеја: датотека на податоци во вселената. Сателитот е опремен со специјален ласер, кој овозможува брза размена на големо количество податоци. Тоа е посебно важно кога времето може да чини животи, како што е во случај на природни катастрофи. Сега можат да се видат првите фотографии.
Фотографија: ESA/ATG medialab
Први чекори
Само десетина дена по стартот во вселената, Сентинел -1 ја направи првата фотографија. Во согласност со европскиот проект, таа го прикажува белгискиот главен град Брисел.
Фотографија: ESA
Гигант кој се топи
Ова е фотографија на глечер на островот Пајн. Од таа гигантска маса на западниот Антарктик секоја година милијарди тони мраз завршуваат в море. Последица на глобалното затоплување: предниот дел од глечерот, според оценката на експертите, секоја година се намалува за еден километар.
Фотографија: ESA
Земјата долу
Каприви е област во североисточниот дел од Намибија. Во дождовниот период, од декември до март, реката Замбези поплавува многу делови од таа област. Со својата мрежа на водени текови, областа Каприви е единствена во Намибија во која преку цела година има вода, а со тоа и животни.
Фотографија: ESA
Најголема концентрација на истражувачи
Најсеверниот дел од Антарктикот го сочинува еден полуостров. Неговите планини се високи до 2800 метри и се сметаат за продолжение на јужноамериканските Анди. На антарктичкиот полуостров се наоѓа најголемата концентрација на истражувачки станици на континентот.
Фотографија: ESA
Мраз во движење
Аустфона на Свалбард во Норвешка, со своите 8.120 квадратни метри, е најголемиот глечер во Европа. Заедничките мерења на Сентинел-1 и Германскиот вселенски центар ДЛР покажаа дека таа област се движи десет пати побрзо отколку што досега се мислеше.
Фотографија: ESA/DLR/Gamma/University of Leeds/University of Edinburgh
Фотографија на имењакот
Овде со боја е означен островот Северен Сентинел, најзападниот Андамански остров во Индискиот Океан. Пристапот кон него од 1966. година е строго забранет. На него живеат припадници на племето Сентинел, кои упорно одбиваат секаков контакт со останатиот свет.
Фотографија: ESA
Најголемата солена пустина на светот
Салар де Ујуни е најголемата солена пустина во светот. Таа настанала пред повеќе од 10.000 години откако пресушило езерото. Салар де Ујуни се наоѓа на надморска височина од над 3.600 метри во југозападна Боливија.