1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брза единица на НАТО – дел од трансформацијата на алијансата

13 февруари 2006

Волшебниот збор во НАТО гласи – трансформација, што подразбира алијансата од воен сојуз да се претвори во глобално оперативна безбдносна организација. Со новите единици за брз одговор, идните мисиите – без оглед дали станува збор за хуманитарна помош или интервенции во кризи – во иднина треба да бидат поедноставни. Тоа значи, во рок од неколку дена војниицте во овие трупи да бидат подготвени за акција:

Во Таормина се разговараше и за брзата единица
Во Таормина се разговараше и за брзата единицаФотографија: AP

Веројатно во октомври годинава врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Џејмс Џонс ќе соопшти дека новата единица за реакции, што ќе брои околу 25 илјади војници, ќе биде во целост подготвена за акција. Ќе и бидат потребни 5 дена за подготовки за испраќање секаде во светот и ќе биде во состојба 30 дена во кое и да е подрачје самата да се обезбедува. Белгискиот полковник Лудвиг Дешамп кој работи во главната команда на НАТО за планирање, смета дека станува збор за врвно барање:

„Тоа е виско технолгизирана армија која истовремено е и многу флексибилна. Тоа е оперативен апарат кој на НАТО ќе му обезбеди можност да води цела низа мисии. Тоа значи дијапазон од хуманитарни операции како во Пакистан, до вистина жестоки борбени задачи„.

Единицата за брзи реакции се подготвува веќе три години, но не треба да се сфати како постојана армија на НАТО. Всушност таа е составена од национални единици што ќе му бидат на располагање на врховниот комнандант Џонс за шест месеци. Претходно, војниците половина година заеднички ќе вежбаат, но во принцип ќе остануваат во своите касарни и ќе чекаат на можни мисии. Оваа ротирачка трупа е нов концепт на НАТО, вели Дешамп:

„Многу е важно оваа единица да дејствува како трансмисија. Таа не е постојано стационирана. Постои механизам на ротација кој овозможува земјите членки секои шест месеци да испраќаат нови единици. Пред да добија дозвола за „готовност за мисија„ мораат да апсолвираат цела низа вежби. Тоа пак, значи, армиите на сите членки на алијансата постојано да профитираат во обуката„.

Според тоа, единиците за брза реакција треба да служат и како модел за трансформација на нациналните армии кои во најголемиот дел се формирани за национална одбрана. Засега жестоко се дебатира за тоа каде и со кои задачи би биле ангажирани овие трупи. Додека американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд ја претпочита одбраната од глобалниот тероризам, Франција и други европски сојузници повеќе размислуваат за мисии за чување на мирот и на хуманитарни задачи. Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг се уште се колеба:

„Ние учествуваме со околу една третина од контингентот и многу сериозно ја сфаќаме нашата одговорност. Затоа мораме секоја мисија да ја разгледаме и да ја дискутираме и со Европската унија, односно со европските борбени групи„.

Имено, и Европската унија подготвува еден вид брзи единици кои делумно се вкрстуваат со овие на НАТО. На самитот во ноември годинава во Рига треба да бидат договорени јасни основи за ваквата НАТО единици. Генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер јасно укажува дека таа нема да биде светска полиција, туку станува збор секогаш за одбрана на интересите на сојузот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми