Брисел го поддржуваа планот на Ахтисари
14 ноември 2006Високиот преставник на Унијата Хавиер Солана по средбата со Ахтисари изјави:
„ Ние не сме одговорни за тие преговори бидејќи нив ги води посредникот Ахтисари кој го има мандатот на ОН. Во поглед на политичките настани кои ќе се случуваат во Србија, како што се изборите одлучено е предлог решението да се одложи до тогаш, но тоа не значи дека сега секоја одлука ќе се одложува. Значи тоа е прашање за личноста која ги води преговорите а не за ЕУ„ рече Солана
Еврокомесарот за проширување Оли Рен смета дека Косово не треба предолго да се остави без статус:
„ Краткото и ограничено одложување е прифатливо заради развојот на политичките случувања во Србија за да се придонесе за подобра стабилност во регионот но истовремено е важно таа одлука да не доцни бидејќи Косово не треба да се остави долго. Потребен е јасен политички и правен статус за Косово да биде во можност да влезе во преговори за стабилизација и асоцијација, како и за визни олеснувања и за членство во меѓународните финансиски институции„ вели Рен
Со сличен став е и Ерки Туомиоја финскиот претседавач со ЕУ :
„ Не сме загрижени дека одложувањето ќе ја влоши ситуацијата. Веруваме дека Марти Ахтисари ја донел одлуката по консултациите со членовите на контакт групата, посебно во поглед на минимализирање на какви било ефекти за дестабилизација во регионот„