1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел и Борис Џонсон - „No love affair“

Бернд Ригерт / превод: ЕМФ15 јули 2016

Никој во ЕУ не знае точно што навистина сака Борис Џонсон и дали воопшто може да ја извршува како што треба функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија. Коментар на Бернд Ригерт.

Братски бакнеж: американски претседател Трамп и министер за надворешни работи Џонсон би се разбирале добро, но Брисел?Фотографија: Getty Images/M. Cardy

Брегзит-Борис е нов министер за надворешни работи. Токму тој... Воздишка што буквално се слуша од зградата на Советот на Еу во Брисел, иако нема официјални изјави. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Советот се среќаваат секои четири недели. Советот на министрите за надворешни работи е најважната министерска средба во ЕУ, зашто на нејзе се одлучува не само за надворешната политика, туку како второ легислативно тело на нејзе се расправа и за многу други важни цели и задачи на ЕУ и теми кои се на дневен ред на самитите на шефовите на држави или влади на Унијата. Таму сега Велика Британија ќе ја претставува еден недоверлив политичар, кој не е вистинскиот за таа фуниција, човек за кого многумина во Брисел мислеа дека не успеа.

Тактички потег на Тереза Меј

Борис Џонсон лично пред само неколку дена за себе рече дека не е соодветен за спроведување на брегзит-одлуките во практична политика. И, сега одеднаш - министер за надворешни работи! Ова е тактички потег на новата премиерка, за смирување на хардлајнерите во конзервативниот табор кои инсистираа на излегување од ЕУ. Таа го обврзува Борис Џонсон за да може донекаде и да го контролира.

Во централата на ЕУ во меѓувреме од регалите веќе почна да се вади дипломатскиот порцелан, за политичкиот слон Борис да не искрши премногу. Засега, Џонсон, кој е добар изборен борец, комуникатор и самопромотор, нема да има многу заедничко со суштинските брегзит-преговори. Но, кога станува збор за односот на Велика Британија кон ЕУ по излегувањето од Унијата, тогаш надлежен ќе биде тој како министер за надворешни работи. Зашто, ЕУ тогаш за Велика Британија ќе биде странство. Сѐ додека Велика Британија е членка на ЕУ, забавниот политичар Џонсон ќе има полно право на глас во Советот. Тој може да блокира и на омразената бриселска политичка машина да ѝ фрла песок во мтоорот.

Бернд Ригерт

Дел од искусните дописници од Брисел и ЕУ-службеници се сеќаваат сѐ уште на младиот див Борис Џонсон, кој на почетокот на 1990-тите како дописник на „Дејли Телеграф“ ги крпеше своите полувистините приказни. Во нив секогаш имаше зрнце вистина, но Борис Џонсон години подоцна самиот се фалеше дека со напумпаните ЕУ-приказни можел солидно да шири скептично расположение кон Европа во Велика Британија. Ако се фрли поглед во архивата на весникот, се препознава шаблонот кој уште тогаш владеел во размислувањтео на Борис Џонсон: ЕУ е лоша, а Велика Британија е жртва.

Ја сфаќа ли тој политиката воопшто сериозно?

Со ваква едноставна бесмислица тој ја доведе од успех „Leave“-кампањата. Нема многу нешта кои би укажувале на тоа дека истото нема да го следи и како министер за надворешни работи. Или можеби Борис Џонсон не ги зема работите многу сериозно? Дали тој политиката ја сфаќа и натаму како забавна игра, еден вид шоу за да се истакнеш? Во таков случај функцијата министер за надворешни работи му е добра бина. Може да патува низ светот, да раскажува вицови во палатите и да стои пред камерите со моќниците ширум планетата. Можеби политичкиот кловн воопшто не е многу заинтересиран за планините од документи и напорите што се прават на средбите во здодевните конференциски сали на ЕУ. Од зградата на Советот во Брисел ќе му довикнат: „Забавувај се ширум светот, но нас остави нѐ намира!“

Во понеделник министерот-искушеник има можност да се истакне: на редовниот совет на министерите за надворешни работи како гостин ќе присуствува и американскиот министер Џон Кери. Џонсон ќе го потсетува Кери на Доналд Трамп од младоста, и тоа не само поради русата коса. Џонсон, исто како републиканскиот кандидат за претседател, има чудни политички ставови, голема уста, чуден однос кон фактите и вчудовидувачки успех. За жал.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми