1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ препорача кандидатски статус за Украина и Молдавија

БГ /РТР
17 јуни 2022

Европската комисија одлучи да препорача да им се даде статус кандидати за членство на Украина и Молдавија, две поранешни советски републики. Кандидатурата на Грузија, засега, е одбиена.

Ukraine Kiew | Ursula von der Leyen, EU-Kommissionspräsidentin & Wolodymyr Selenskyj, Präsident
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Украина Володимир ЗеленскиФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Украина и Молдавија треба да станат кандидати за членство во ЕУ, препорача Европската комисија, откако двете земји во забрзана постапка посакаа да станат дел од европското семејство.

„Украина јасно ги покажа аспирациите и одлучноста да ги исполни европските вредности и стандарди“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека земјата ќе мора да спроведе голем број реформи. На прес-конференцијата, Фон дер Лајен се појави облечена во украинските национални бои, со жолто палто врз сина кошула. 

Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел во националните бои на УкраинаФотографија: Geert Vanden Wijngaert/AP Photo/picture alliance

„Сите знаеме дека Украинците се подготвени да умрат за европската перспектива. Ние сакаме тие да живеат со нас за европскиот сон“, рече Фон дер Лајен.

И Молдавија доби позитивна препорака од ЕК. Последниот збор за кандидатурите на двете земји ќе го имаат лидерите на земјите-членки на ЕУ, чиј самит е закажан за 23 и 24 јуни. Неколку ЕУ членки веќе изразија резерви околу кандидатурата на Украина, но Киев ги доби симпатиите на Германија, Франција и Италија, чии лидери во четвртокот ја посетија завојуваната земја и се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски. 

„Поблиску до победа“  

Во првичната реакција по објавата од Брисел, Зеленски изјави дека одлуката „ја носи Украина поблиску до победа“, алудирајќи на воената инвазија на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека одлуката на ЕК „бара зголемено внимание од нас (од Русија, н.з.), затоа што сите сме свесни за интензивирањето на дискусијата во Европа по прашањето за одбранбената компонента на ЕУ“.

За кандидатски статус аплицираше и Грузија, но Европската комисија го одби нејзиното барање, со образложение дека мора да се исполнат одредени услови.

„Може да добие кандидатски статус откако ќе се исполнат повеќе приоритети“, соопшти ЕК. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми