1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британската економија во длабока рецесија

ЖА / агенции
12 август 2020

Ниедна друга индустриска земја не е толку погодена од корона-кризата: британската економија бележи пад од една петтина. Рецесијата „збриша“ ијладници работни места.

Großbritannien I Coronavirus I Manchester
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Scarff

Пад на економскиот учинок како во вториот квартал од годинава во Велика Британија не е забележан откако се води статистика: бруто домашниот производ на земјата од април до јуни е намален за 20,4 % во однос на претходниот квартал, како што соопшти Службата за статистика денеска во Лондон.

Британската економија имаше намален раст уште во првиот квартал, но сега официјално се наоѓа во рецесија.

За споредба: германската економија во второто тромесечие забележа двојно помал пад – 10,1%. Но, пандемијата на коронавирус особено силно ја погоди Велика Британија. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во Обединетото Кралство се регистрирани 313.390 инфицирани, починале 46.600 лица од Ковид-19. Владата на премиерот Борис Џонсон по првичната колебливост спроведе драстичен „локдаун", кој парализира големи делови од стопанството.

Назадување какво што немало во последните 100 години

Тврдите рестрикции на владата заради спречување на ширењето на пандемијата се случија првенствено во периодот на вториот квартал. Но, во меѓувреме британската економија успеа делумно да се опорави. Во јуни економскиот пораст изнесуваше 8,7% во однос на претходниот месец.

Повеќе:

Коронавирусот ја турна еврозоната во историска рецесија

Германската економија соочена со тешки времиња

Ковид-19: Велика Британија го презема мрачниот примат во Европа

Британската централна банка прогнозира пад на БДП на земјата за оваа година од вкупно 9,5%, назадување какво што не е зебележано во последните 100 години. За следната година според ова предвидување би следел плус од девет проценти.

Зголемување на невработеноста

Кризата веќе остави видливи траги на британскиот пазар на труд: бројот на вработени од април до јуни е намален за 220.000. Ова значи дека во Велика Британија се загубени работни места во размер кој не е забележан од финансиската криза во 2009. година. Притоа, експертите сметаат дека дел од луѓето без работа засега воопшто не се ни трудат да најдат ново работно место и не се опфатени во статистиката на невработени.

Освен тоа, земјата ги амортизираше последиците на пандемијата со програма по примерот на германската скратена работа, која меѓутоа истекува на крајот на октомври. Централната банка во Лондон предвидува дека стапката на невработеност од 7,5% до крајот на годината може да се удвои.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми