Британскиот принц Филип почина на 99-годишна возраст
СН/агенции
9 април 2021
Со децении, принцот Филип беше најважниот советник на неговата сопруга кралицата Елизабета Втора. Неговата смрт остава огромна празнина во британската монархија.
Реклама
Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, почина на 99-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави денеска Бакингемската палата.
„Со длабока тага, кралицата ја објави смртта на својот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург“, се вели во соопштението на палатата.
Како што се додава, принцот Филип починал мирно утрината во замокот Виндзор.
Тој инаку беше пуштен од болничко лекување на 16 март годинава, по едно месечен третман, откако на почетокот на март беше подложен на успешна операција поради проблеми со срцето.
Принцот Филип се ожени со Елизабета во 1947 година, пет години пред таа да стане британска кралица, и беше кралски сопруг со најдолг стаж во историјата на Велика Британија.
Куриозните имиња на кралицата Елизабета Втора
Официјалната титула на кралицата Елизабета Втора гласи: „Нејзиното Височество Кралицата“. Но, таа од своето семејство е нарекувана со неколку имиња кои воопшто не се кралски.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Лилибет
Англискиот изговор на „Елизабет“ се чини не е проблем само за јазикот на Германците. И кралицата додека била дете имала проблем да си го изговори името, па велела дека се вика „Лилибет“. Елизабета Втора така била нарекувана од нејзините најблиски сѐ додека не станала млада дама. На таквото нарекување дефинитивно му бил ставен крај кога седнала на тронот во 1952 година.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Ширли Темпл
Чичкото на Елизабета, Едвард, идната кралица радо ја нарекувал „Ширли Темпл“. Наводно поради тоа што со своето тркалезно лице и кадравата коса многу личела на американската дете-ѕвезда.
Кога принцот Вилијам бил мало дете, како на фотографијава при крштевката на својот брат Хари, имал проблем со зборот „Грени“ (англиски збор за баба). Наместо тоа, тој својата баба едноставно ја викал „Гери“. Машко име, па уште и толку обично? Тоа Елизабета сигурно му го дозволувала само на својот внук.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ган-Ган
И за синот на принцот Вилијам - Џорџ, „Грени“ очигледно бил многу компликуван збор. Тој на две и пол годишна возраст својата прабаба имал обичај да ја вика „Ган-Ган“. Така барем тврди војвотката Кејт во една документарна емисија за кралското семејство. Малиот принц во јули ќе наполни 5 години, па веројатно веќе не го употребува тоа име.
Фотографија: Reuters/S. Wermuth
Кебиџ
Принцот Филип и кралицата Елизабета се во брак подолго од 70 години. Некако цело време беше јасно дека тој не ја нарекува „кралица“ или „Ваше Височество“. Но дури минатата година се дозна кое е неговото име за кралицата. Принцот својата сакана ја нарекува „Кебиџ“ (главица зелка). Зошто? Околу тоа може само да се шпекулира.
Принцот Филип беше член на грчкото кралско семејство и беше роден на грчкиот остров Крф во 1921 година. Тој беше голем спортист.Тој имаше четири деца, осум внуци и десет правнуци.