Британските маринци пристигнаа во Лондон
5 април 2007Немаше преговори и договори рече британскиот премиер Тони Блер при пристигнувањето на британските војници кои изминаитте две недели ги минаа во Иран
„Сега е вистинскиот момент да се размисли за односите меѓу Велика Британија и Иран. Изминатите две недели ние спроведуваме двојна стратегија да бидеме отворени за билатерален дијалог со иранскиот режим но истовремено да мобилизираме меѓународна поддршка и притисок или Обединетите нации или Европа заедно со Соединетите Американски Држави и сојузниците во регионот.“ рече Блер
Истовремено британскиот премиер нагласи дека меѓународната заедница треба да биде постојана и во атомскиот спор со Иран.
Британските војнции инаку беа заробени на 23 март во персискиот залиф, а иранскиот претседател по речиси две недели диполматски преговори на изнендување на ситре вчера ги ослободи британските маринци.
Пред полетувањето од аеродромот во Техеран , еден од ослободените војници командант Феликс Кармен рече „ Моето име е команднат Феликс Кармен, и би сакал во името на целиот мој тим да се заблагодарам за гостопримстовото кај иранскиот народ.“
За време на летото кон Велика Бриотанија, војнциите, според портпарол на армијата добиле нови униформи, а во авионот славеле со шамањ, како што велат новинарите на телевизијата Скај Ти Ви кои патувале со војнците. Авионот подоцна слета во V.I.P. одделот на аеродромот во Лондон, каде беа два воени хилихоптери и имаше големо присуство на полицијата, по што војниците беа пренесени во воена база во југозападна Англија
Европската унија го поздрави ослободувањето на војниците и изрази надеж дека ќе се издејствува и диломатско решение за атомскиот спор со Иран. Американскиот вице претседател Дик Чејни исто така го поздрави развојот на настаните но сепак нагласи дека војнциите воопшто не требало да бидат заробени.