1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Британско разузнавање: Огромни загуби на Русија во Украина

ЖА / агенции
30 мај 2022

Русија претрпува сѐ поголеми загуби во Украина, според британските разузнавачи. Поради недостиг од добро обучен подофицерски персонал, руските офицери се принудени лично да ги насочуваат акциите на своите подредени.

Ukraine, Mariupol | russischer Soldat der Eingreiftruppe Akhmat
Фотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

Британските разузнавачи известуваат дека Русија веројатно претрпела „погубни загуби“ меѓу нејзините офицери од среден и понизок ранг во инвазијата врз Украина. „Командантите на бригадите и баталјоните се селат на линијата на фронтот, изложувајќи се на личен ризик, бидејќи се одговорни за акциите на нивните единици“, се вели во соопштението на британското разузнавање.

Според британски извори, тоа се должи на недостигот на добро обучени и овластени подофицери, какви што има во западните армии. Затоа помладите офицери треба да ги водат тактичките операции. „Загубата на значителен дел од помладата генерација професионални офицери веројатно ќе ги влоши актуелните проблеми со модернизацијата, командата и контролата“, предвидуваат британските разузнавачи. 

Страотните видеа од Мариупол на украинска болничарка

01:47

This browser does not support the video element.

„Со оглед на бројните веродостојни извештаи за локални немири меѓу руските трупи во Украина, недостигот на искусни и доверливи офицери веројатно дополнително ќе го намали моралот и ќе ја утврди лошата дисциплина“, заклучува разузнавањето.

Руски загуби во Украина

Руското Министерство за одбрана од Москва веќе два месеци не известува за  жртви на руска страна.  Последното објавување е од 25 март, кога биле пријавени 1.351 жртва. Денеска, 30 мај, Украина објави дека руските жртви надминале 30.000. Британското разузнавање пак не исклучува дека во текот на трите месеци од инвазијата врз Украина, Русија веројатно претрпела ист број жртви како и Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан - околу 15.000 луѓе. Кон крајот на април, рускиот независен медиум Медиазона објави дека се убиени 317 руски офицери во војната, откако ги истражиле сите извештаи од различни региони. Меѓу нив се и двајца  руски генерали  во Украина, генерал мајор Андреј Суховецки и Владимир Фролов. Украинските власти тврдат дека загинале вкупно осум  руски генерали.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми