1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британците велат збогум

ЕМФ/дпа/ртр/ард24 јуни 2016

Мнозинството Британци се одлучи за брегзит, односно излегување на земјата од ЕУ. Премиерот Камерон е соочен со неизвесна иднина. Последиците за Велика Британија се тешко проценливи. Фунтата е во слободен пад.

Фотографија: Getty Images/AFP/L. Neal

Европската унија е исправена пред најголемата криза во својата историја. Британците се изјаснија за напуштање на ЕУ. Додуша со тесно мнозиснтво, но „leave“ е „leave“ (заминување, н.з.). Пребројувањето на гласовите во текот на ноќта сѐ појасно ја исцртуваше победата на противниците на ЕУ. Според информациите на Би-Би-Си од раните утрински часови, таборот кој е за брегзит успеал да освои еден милион гласови повеќе отколку оние кои се за останување на земјата во Унијата. Според официјалните податоци, одзивот на референдумот изнесува 72, 2 проценти.

Фунтата паѓа

Резултатите од референдумот имаат во моментов тешко проценливи последици, како за Велика Британија, така и за ЕУ. Британската фунта реагираше со пад на курсот.

Победата на брегзит-таборот значи тежок пораз за британскиот премиер Дејвид Камерон. Тој го предложи одржувањето на референдумот уште во 2013 година, пред сѐ од внатрешнополитички причини - за да ги смири ЕУ-критичарите во сопствените редови. Стратегија, која не донесе посакуван резултат. Камерон лично застана на челот на таборот за останување во ЕУ, но неговата конзервативна партија е длабоко поделена. Дали сега премиерот ќе даде оставка, е нејасно. Тој за претпладнево најави изјава. Шефот на деснопопулистичката партија УКИП, Најџел Фара, кој е застапник за брегзит, од Камерон побара веднаш да се повлече.

Фотографија: Getty Images/AFP/L. Neal

Кризни седници на ниво на ЕУ

Во рамките на ЕУ постои загриженост дека сега би можеле да се јават иницијативи за излегување од Унијата и во други земји членки. „Out is out“ предупреди шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер - ако се рече „не“ нема веќе да биде можно враќање назад. Стравот дека брегзит би можел да им даде ветер в грб на националистите и десните популисти во цела Европа, е голем во многу главни градови во ЕУ. Во Брисел денеска ќе се настојува да се прикаже пред сѐ обединетост. Мотото гласи: една земја сака да си оди, но ние сме заедно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми