1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британците луди по обложување

Герхард Елферс / Александар Методијев22 јуни 2014

Во 8.000 обложувалници во Велика Британија се надеваат на најдобар приход на сите времиња за време на одржувањето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Познато е дека Британците се луди по фудбалот. Но, повеќе отколку каде било во светот, тие си обезбедија и дополнителна возбуда: речиси секој љубител има уплатено најмалку еден облог. Уште пред почетокот на првенството Британците типуваа за тоа кој ќе биде светски првак, кога Англија ќе биде елиминирана или колку голови ќе постигне Вејн Руни. За се’ е можно да се обложиш во Велика Британија.

„Со 80 фунти типував на Бразил и со 20 на Аргентина“, ги кажува своите прогнози еден англиски фудбалски фан.

Во обложувалниците касите веќе се полнат со пари. На денот на финалето се очекуваат повеќе од 7.000 облози во минута. Се проценува дека Британците за обложување ќе потрошат најмалку милијарда фунти. „Вилијам Хил“, водечка обложувачка фирма, смета на дополнителен бизнис од 200 милиони фунти.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Најмногу се типува на Бразил, малку на Аргентина, по некоја фунта има и за Германија. Што и да се случи, освен ако титулата не ја освои Бразил, ќе биде добро за нас“, вели Руперт Адамс од обложувалниците „Вилијам Хил“.

Ако се суди според обложувањата, шансите на Германија воопшто не се лоши. Според британските обложувачи, тимот на Јоги Лев е трет фаворит за освојување на титулата светски шампион. Шансите за тоа се 6 спрема 1.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми