1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Бројни жртви во двоен бомбашки напад на аеродромот во Кабул

БГ /АП
26 август 2021

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во двата бомбашки напади кои попладнево се случија на влезот во аеродромот во Кабул каде илјадници луѓе чекаат евакуација.

Afghanistan | Explosion Kabul Airport
Фотографија: ASVAKA NEWS/REUTERS

Најмалку две експлозии одекнаа на аеродромот во Кабул во екот на евакуацијата на илјадници луѓе од Авганистан. Меѓу жртвите има цивили и воен персонал на САД, но официјални бројки не се соопштуваат. Сомнежите се дека зад нападите стојат припадници на Исламската држава. 

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека експлозиите се случила на два различни влеза во аеродромот. Американски претставници сметаат дека најмалку една експлозија била предизвикана од самоубиствен бомбашки напад. Русија соопшти дека биле изведени два самоубиствени напади и дека најмалку 13 луѓе загинале. 

Поглед кон експлозијата од КабулФотографија: Wali Sabawoon/AP/picture alliance

Талибанците соопштија дека во нападите загинале најмалку 13 луѓе, меѓу нив и деца, а бројни талибански чувари на редот биле повредени. 

Пред експлозиите, САД и други земји ги повикаа сите кои чекаат ред за евакуација да се повлечат од аеродромот поради опасност од напад од страна на припадници на Исламската држава. Но повикот беше залуден затоа што илјадници Авганистанци се надеваат дека ќе успеат да ја напуштат државата пред истекот на крајниот рок на 31 август. 
Од земјата досега се евакуирани над 95 илјади луѓе, а повеќе земји, меѓу нив и Германија, денеска ги прекинаа мисиите во земјата. 

Влезот на аеродромот во Кабул каде бил извршен нападот

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми