1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Бројот на загинати во пожарите во Грција расте

СН/ агенции
28 јули 2018

По најкатастрофалниот пожар во Европа во 21-от век, критичките гласови за противпожарните и спасувачките екипи во Грција стануваат погласни. Сега за збор се јави и шефот на владата Ципрас.

Griechenland Feuer Waldbrand
Фотографија: Reuters/Social Media

Во катастрофалните пожари во Грцијаспоред последните информации загинале најмалку 88 лица, објави денеска грчкото државо радио (ЕРТ), повикувајќи се на властите. Во животна опасност се наоѓаат уште десет луѓе.  Голем број лица и натаму се водат како исчезнати

Полицијата претпоставува дека идентификацијата на жртвите на основ на донираните примероци на ДНК од страна на роднините во лабораториите во Атина ќе трае уште неколку дена. Дури тогаш  ќе биде јасно колкав е точниот број на исчезнати лица.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Giannakouris

На кризна седница на владиниот кабинет во Атина, грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека е  длабоко потресен поради големиот број жртви во катастрофалните шумски пожари во Грција. Жртвите на огнената стихија ги загубија животите на неправеден и на неверојатен начин, истакна Ципрас.

„Преземам целосна политичка одговорност за оваа трагедија", рече тој во обраќањето пред министерите, кое беше пренесувано и на телевизија. Тој ги повика и министрите да го сторат истото.

Премиерот, меѓ другото, упати апел сите кои се бореа да спасат илјадници луѓе за време на огнената стихија да бидат поштедени од критики: пожарникарите, полицијата, крајбрежната стража, војската и нивните раководства, сите кои, како што рече Ципрас, се бореле со чувство на должност, јуначки ризикувајќи ги своите животи. 

Огнен пекол во Грција

01:40

This browser does not support the video element.

Инаку вчера билансот на жртвите беше коригиран на 87, откако спасувачите пронајдоа уште пет мртви тела во изгорените куќи во местото Мати во близина на Атина. Во катастрофата загинаа толку многу луѓе како во ниеден друг пожар во Европа во 21-от век.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми