1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројот на убиени во нападите во Норвешка намален на 76

25 јули 2011

Норвешката полиција денеска ја намали вкупната бројка на загинати од бомбашкиот напад во Осло и вооружениот масакр на островот Утоја на 76. Претходно официјално билансот на загинати изнесуваше 93

Norwegen Terror Trauer bei Utöya Blumen Flagge
Фотографија: dapd

Високиот претставник на полицијата во Осло, Ојстеин Маеланд изјави дека бројката на загинати во експлозијата на бомбата во центарот на Осло се искачил од еден на осум додека пак биланост на загинати во вооружениот масакр на соседниот остров се намалил од 86 на 68. Сите досега пронајдени тела на убиените се пренесени од островот , што овозможило да се даде поконкретна бројка на загинатите.

„Оваа бројка меѓутоа се’ ушпте би можела да се зголеми “ , изјави Маеланд додавајќи дека потрагата по тела на загинати на островот Утоја продолжува.

Претходно норвешкиот судија Ким Хегер му одреди на осомничениот извршител на нападите во Осло и на островот Утоја, Андерс Беринг Брејвик притвор од осум недели.
Одлуката беше објавена по завршувањето на првото судско рочиште за нападите, кое траеше 35 минути и се одржа зад затворени врати и покрај желбата на осомничениот тоа да биде отворено за јавноста.
Полицијата поради тежината на злосторството побара да се направи исклучок од вообичаеното правило, според кое уапсените се држат четири недели во притвор и за Брејвик притворот да трае осум недели, со цел да се добие повеќе време за расветлување на случајот.
Во судската сала Брејвик призна дека ги извршил двата напади, но не се изјасни за виновен за овие злосторства.
Тој истакна дека преку овие напади сакал да испрати „силна порака“, но и да им нанесе удар на идните поколенија на владејачките лабуристи.

Автор:СН/АТ/афп/миа

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми