Секој четврти авио-патник во Македонија доаѓа со задоцнување
БГ /АФП
22 декември 2021
Северна Македонија е најпроблематична земја во Европа за авионски сообраќај, тврди германската организација за заштита на правата на авио-патниците Ерхелп. Германија е на петто место.
Реклама
Податоците на организацијата Ерхелп (Airhelp) ја сместија Северна Македонија на европскиот врв според црната статистика за доцнење на авионските летови. Една четвртина од патниците чија дестинација била Македонија пристигнале со задоцнување во текот на 2021 година. Најдобро оценети европски држави се Ирска и Малта, каде летовите најмалку доцнеле. Германија е на петтото место, како една од земјите каде летовите често не пристигнувале на време.
Во 2021 година е забележан раст на бројот на патници во однос на претходната, но сепак бројките сѐ уште се далеку под пандемиското ниво. Вкупно годинава, во Европа летале 270 милиони патници - пред пандемијата таа бројка достигнува речиси една милијарда.
На светско ниво, најмногу доцнење имало во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Доминиканската Република. Надвор од Европа, летовите пристигнувале најточно во Перу.
Бавни германски аеродроми
Извештајот на Ерхелп е критичен и кон состојбата на германските аеродроми во текот на изминатата година, со оглед на податокот дека секој петти патник во Германија се соочил со доцнење.
Патниците имале најмногу проблеми на аеродромот во Диселдорф, каде речиси една четвртина од патниците летале со задоцнување. Следуваат аеродромите во Карлсруе и Франкфурт. Севкупно, околу 180 илјади патници во Германија во текот на 2021 година се соочиле со откажани летови или доцнење од над три часа. Се смета дека од нив, околу 130 илјади имаат право на обесштетување затоа што доцнењето или откажувањето не било предизвикано од вонредни околности, туку од страна на авионските компании.
Висината на обесштетувањето во такви случаи, во зависност од должината на летот, може да достигне и до 600 евра.
Најголемите аеродроми во светот
Истанбул доби нов аеродром, кој го носи епитетот досега најголем во светот. Но, што значи тоа и кои се останатите за кои важат суперлативи?
Фотографија: Presseabteilung Igairport
Хартсфилд-Џексон аеродром, Атланта, САД
Хартсфилд-Џексон во Атланта без дилеми е најфреквентниот аеродром во светот: во 2017. година од тука полетале или тука слетале речиси 104 милиони патници. За споредба, ниеден друг аеродром не бележи повеќе од 100 милиони патници.
Фотографија: picture alliance/AP Photo/D. Goldman
Аеродромот во Пекинг, Кина
Меѓународниот аеродром во кинескиот главен град Пекинг е рангиран на второ место, благодарение на 95,8 милиони патници во 2017. година. Голем подем за пекиншкиот воздушен сообраќај беа Олимписките игри во 2008. година, за чии потреби познатиот архитект Норман Фостер проектираше нов џиновски терминал.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Reynolds
Меѓународен аеродром во Дубаи
Дубајскиот аеродром лани забележал преку 88 милиони патници. Интересно е што, од арапски аспект, сите биле странци, имено - 87,72 милиони. Кај патниците аеродромот во арапската пустинска метропола е посебно омилен поради големата трговска понуда и речиси легендарната репутација.
Фотографија: Reuters/A. Mohammad
Токио-Хандеа, Јапонија
Со спортска терминологија, аеродромот Токио-Ханеда го зазема „неблагодарното“ четврто место, значи останува без медал. Но, лани во токискиот главен град се регистрирани 85,4 милиони патници, што е сепак огромна бројка вредна за почит.
Фотографија: AFP/Getty Images/K. Nogi
Лос Анџелес, САД
Овој авион за неколку моменти слетува на аердоромот во калифорниската метропола Лос Анџелес, придонесувајќи делумно за впечатливата бројка од 84,56 милиони патници во 2017. година, доволно за позицијата број пет на светската листа.
Фотографија: picture alliance/Markus Mainka
Аеродромот О‘Хара, Чикаго, САД
Еден од 79,81 милиони патници во Чикаго: германската фудбалска ѕвезда Бастијан Швајнштајгер, кој сега, на залезот на својата кариера, игра за „Чикаго Фајр“ во американската МЛС лига, поради што често го посетува аеродромот во градот. Аеродромот, патем, не го носи името на ирски фудбалски играч, туку на пилот-херој од војната.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Shen
Хитроу, Велика Британија
И во Европа често и многу се патува во воздух, што докажува и седмото место на нашата листа на најголеми аеродроми во светот, на кое се наоѓа најголемиот од трите лондонски воздушни пристаништа, Хитроу. Овде лани се регистрирани 78,01 милион патници.
Фотографија: Getty Images/D. Kitwood
Меѓународен аеродром Хонгконг, Кина
Дали во жичарницата има патници или не, е сеедно, зашто тие секако не спаѓаат во оние 72,67 милиони патници кои лани го користеле аеродромот во Хонгконг. Поради растечкиот број патници, аеродромот е проширен кон морето, што добро се гледа на фотографијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/X. Yun
Меѓународен аеродром Пудун, Шангај, Кина
Безбедноста на прво место! Како и насекаде во светот, тоа важи и на аеродромот Пудун во Шангај, посебно за неговите 70 милиони патници во 2017. година. Бројот бележи мал пад во однос на претходната година, но затоа пак пораснал волуменот на товарен воздушен сообраќај, за преку 11 проценти.
Фотографија: picture-alliance/Imaginechina
Шарл де Гол, Париз, Франција
Аеродромот Шарл де Гол е на десетто место на нашата хит-листа. Воздушната крстосница за домашната авиокомпанија Ер Франс лани ја користеле 69,47 милиони патници. Во рангирањето притоа не се замени предвид многу параметри: товарниот сообраќај, изградениот корисен простор, бројот терминали, ефикасноста....
Фотографија: AP
Берлин Бранденбург, Берлин, Германија
Овде посебно може да се истакне брзината на изградба, во негативна смисла. Тука Германците имаат шанса за бидат прваци! Употребувајќи еуфемизам, би можеле да кажеме - не се гради бавно, туку темелно. Завршувањето на аеродромот доцни моментно девет години.