1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарите гневни поради растечките цени на горивата

СН/ агенции
19 ноември 2018

Во Бугарија, илјадници луѓе на викендот протестираа против зголемените цени на горивата. Демонстрантите изразија незадоволство и од нискиот животен стандард во земјата.

Bulgarien Sofia - Proteste gegen die hohen Benzinpreise
Фотографија: BGNES

Учесниците на протестот во текот на вчерашниот ден  со своите автомобили привремено ги блокираа двата автопати од главниот град Софија до Црното Море. Кратки блокади исто така имаше и на граничните премини кон Турција и кон Грција. Демонстрантите, исто така, го блокираа преминот Петрочан на Стара планина.

Фотографија: BGNES/D. Davidov

Покрај тоа, стотици луѓе протестираа во Софија и  во неколку други градови како Пловдив и Варна против зголемените цени на горивата и актуелно воведените зголемени даноци за сопствениците на постари возила. Демонстрантите се пожалија на нискиот животен стандард во најсиромашната земја членка на ЕУ. Учесниците на протестот побараа оставка на владата на премиерот Бојко Борисов и „промена на системот“. Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнлиев не исклучува вмешаност на Русија во протестите во изминатите денови. „Не може автомобили со руски таблички и обележја да ги предводат протестите “, изјави Плевнелиев во телевизиско интервју.

Фотографија: BGNES

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми