1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија и тајните архиви

23 јули 2006

Бугарија е единствената држава која влегува во ЕУ, а сеуште ги нема отворено архивите за активностите на тајните служби

Софија
СофијаФотографија: Transit-Archiv

Бугарија наскоро ќе стане членка на ЕУ но во оваа земја сеуште не е решено прашањето на соочување со комунистичкото минато. Сеуште се водат спорови околу тоа дали треба да се овозможи пристап до архивите на поранешните служби за државна безбедност. Зошто не се отворени тајните архиви и 17 години по падот на комунистичкио режим објаснува холандскиот пратеник во ЕП, Елс де Гроен

„ Многу бргу по пресвртот старите елити повторно се вратија и се вклучија во работењето на новоформираните невладини организации и станаа повлијателни од демократите, луѓе кои немаа искуство и средства. Го сметам за посебен цинизам фактот што голем број луѓе од западот соработуваа со тие лица и тоа сеуште го прават„

Во Бугарија и натаму се бележат случаи на уцена за информации за тајните служби. Тоа конечно мора да престане, смета бугарскиот министер за внатрешни работи Румен Петков. Овој социјалист го застапува ставот дека досиеата на поранешните како што тој ги нарекува патриоти не треба да се отвараат:

„Што ќе им каже државата на оние кои работат или работеле за министерството за внатрешни работи а со самото тоа и за државата? Дали кон нив ќе се однесуваме коректно или постојано ќе ги прозиваме во јавноста? Дали на тие луѓе треба да им кажеме дека веќе не ни се потребни? Мислам дека луѓето кои се борат против терористите и оние кои биле политички шпиони неможе да се ставаат во иста категорија„

Во другите поранешни социјалистички земји таквото размислување не постои. И во поранешната дискусија околу отварањето на архивиде во поранешната ДДР не се прават разлики меѓу добри и лоши соработници на тајната служба Штази. За тоа постојат добри причини, вели поранешниот преставник во германската влада за архивите на Штази и сегаше претседател на здружението „Против заборавот и за демократија„ Јоахим Гаук:

„ Многу неофицијални сработници покрај вообичаените активности вршеле и некои други. На пример ги шпионирале дисидентите на ДДР на западот. Тие во суштина работеа она што другите припадници на Штази го работеа во земјата. Работеа против демократите, борците за човекови права и други. Тоа е е патриотски акт, туку поддржување на репресијата„

Оттука Гаук ги повикува бугарските служби да ги отворат сите архиви и да не прават разлики меѓу патриоти и оние кои тоа не се.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми