1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Бугарија мора да го промени имиџот на корумпирана држава“

Александар Детев | Фани Фаскар
2 април 2021

Се плашам дека ковид-пандемијата ќе го стави во втор план проблемот со корупцијата при одлучувањето на овие избори. И тоа нема да биде добро за земјата, вели Даниел Смилов во интервју за Дојче веле

Bulgarien Parlament
Фотографија: Imago/R. Unkel

ДВ: Господине Смилов, парламентарните избори во Бугарија се на 4 април. Според анкетите идниот парламент ќе биде фрагментиран. Ќе и помогне ли ова на владејачката партија ГЕРБ и на премиерот Бојко Борисов кој се кандидира за четврти мандат?

Смилов: Делумно. Ова спречува канализирање на незадоволството на луѓето во една партија. Всушност ѝ остава многу опции на најголемата партија, ГЕРБ на Борисов, да формира некаква коалиција. Се чини ќе имаме интересен парламент кој ќе има сериозни проблеми да формира некаков вид мнозинство.

ДВ: Што ќе значи ова за стабилноста на Бугарија?

Смилов: Иако оваа влада истера цел мандат ние сме навикнати на политичка нестабилност. Во неколку наврати и оваа влада беше на раб да падне, но преживеа. И покрај протестите и нестабилностите, земјата не е анархична. Верувам дека Европската унијаи општата економска стабилност која ја постигна земјата ќе ѝ помогнат на Бугарија да се извлече напред. Но, со сигурност ќе има период на нејасност.

ДВ: Која е опасноста од таква ситуација?

Смилов: Опасноста е во тоа дека дел од неопходните реформи ќе бидат одложени. Бугарија заостанува зад земјите во Централна Европа. И покрај тоа што има позитивен моментум во економијата, верувам дека земјата може многу повеќе и подобро. Но, за тоа е потребна  стабилна влада и стабилен политички курс. Се плашам дека нестабилна влада ќе ги одложи овие многу потребни реформи.

Даниел Смилов, плитиколог и експерт по уставно правоФотографија: BGNES

ДВ: Зошто овие избори се сметаат за клучни?

Смилов: Клучни се поради два фактора. Прво, ковид кризата. Не знаеме што ќе се случува, ниту пак како ќе изгледа закрепнувањето. Второ, вечниот проблем со корупција. Бугарија мора да го промени имиџот на корумпирана држава. Ова е сериозна пречка за забрзување на економскиот раст. Се плашам дека ковид-пандемијата ќе го стави во втор план проблемот со корупцијата при одлучувањето на овие избори. И тоа нема да биде добро за земјата. Дури и ако сегашната владапреживее во некаков облик, таа ќе биде многу ранлива на анти-корупциски протести. Ќе биде подобро за земјата да се најде решение.

ДВ: Сметате ли дека анти-корупциските и анти-владините и протестите од минатата година посеаја семе кое не знаеме во што ќе израсне?

Смилов: Сметам дека протестите беа шанса за земјата да ги реши долготрајните проблеми. Но, не сум сигурен дека луѓето на крајот ќе ја искористат оваа шанса. Ќе видиме како ќе гласаат. Протестите отворија нови можности. Ќе има и нови партии во парламентот. Некои од нив ќе имаат силна порака за борба против корупција. Протестите со сигурност го променија политичкиот пејзаж во земјата.  

Даниел Смилов е експерт по уставно право, политиколог и програмски директор на Центарот за либерални стратегии во Софија, визитинг професор на Централниот Европски универзитет во Будимпешта и професор на Универзитетот во Софија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми