Бугарија од Македонија очекува добососедство на дело
1 ноември 2012 „Го прочитав писмото на македонскиот претседател. Мислам дека моите вчерашни зборови дадоа одговор на пораката што ја добив од Македонија. Треба да биде апсолутно јасно на сите дека писмата и идеите за работни групи што доаѓаат од Македонија се една работа. Она што е важно за мене се резултати, реформи и акција. Резултати во интерес на добрососедските односи. Тоа го очекувам да се случи. Нема да се случи преку ноќ. И, тоа зависи од властите во Скопје. Ние сме отворени за соработка, го имаме повторено тоа“, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, пренесува „Фокус“.
„На почетокот на мојот мандат категорично реков дека ние ќе судиме според
делата. Ова е силна порака што треба да ја запомнат. Ќе судиме според дела,
не според писма. Дела за добрососедски односи“, порача Плевнелиев.