Речиси една третина од децата Роми во Бугарија одат во училишта во кои сите деца се од ова малцинство – последица на маргинализација и отфрлање. Рајна Бројер посети едно ромско училиште во Софија.
Реклама
Ирена Цукева покажува на еден ѕид полн со слики со кои се прикрива една голема дупка во него. Бојата на радијаторот речиси ја нема, вратата е расклатена. За надворешната фасада на училиштето потребно е да се офарба со нова боја, но не поради тоа што старата боја е избледена. „На ѕидовите гледате свастики, навредливи пораки и графити. Не можеме да постигнеме да ги исчистиме ѕидовите", вели Ирена Цукева. „Тоа го прават младите од соседството кои не учат во ова училиште." Овде 98% од учениците се Роми. Но, Цукева која веќе 40 години е поврзана со ова училиште, како ученик, а потоа и како учителка, а во последниве 15 години е директор, се сеќава и на други времиња. На почетокот на 2000 та година беше усвоен нов закон со кој им се дозволува на родителите сами да одберат во кое училиште ќе оди нивното дете. Нашето училиште беше атрактивно за ромските семејства од соседството, но поради тоа пак другите семејства од оваа околина ги испратија своите деца во другите централни училишта. „Со тек на времето ова училиште стана само ромско училиште. Тоа не е единствен случај во Бугарија. Според Агенцијата на ЕУ за основни права, процентот на деца Роми кои одат во ромско училиште во Бугарија, последниве пет години се искачи од 16% на 29%. Тоа е највисоката стапка во деветте југо-источни земји членки опфатени во студијата. „Ние не смееме да ги делиме децата по етничка линија," вели Ирена Цукева. „Јас на моите ученици постојано им велам: ние сме сите Бугари бидејќи сме родени во Бугарија."
Отфрлање и омраза
Нападите на Ромите во Бугарија се широка појава. Политичарите не преземаат речиси ништо против тоа. Често и тие ја потпалуваат атмосферата која ионака е тензична. Есента 2017. година претседателот на партијата „Национален фронт за спас на Бугарија", Валери Симеонов беше осуден на суд поради ширење говор на омраза. Тој ги нарече Ромите "арогантни, претенциозни и диви суштества",а жените дека имаат „инстинкт на улични кучиња". Да биде иронијата поголема, Валери Симеонов е претседател на националниот совет за интеграција на малцинствата. Против политиката на маргинализација се бори директорката на ова училиште Ирена Цукева.
Таа имаше среќа дека ја има поддршката од професорот Росен Богомилов. Тој е единствениот учител Ром во нејзиното училиште и им е вистински пример на децата. Но, неговиот пат додека стаса до учителската позиција беше трнлив. „По моето дипломирање во 2013 година почнав да се пријавувам за работа во повеќе училишта во Софија. Бев повикан на неколку интервјуа за работа, но на крајот бев одбиван, " се сеќава тој. Неколку училишта и отвооено му кажале дека е одбиен бидејќи е Ром.
Директорката Ирена Цукева беше единствената што го прими и тоа со широко отворени раце и надеж. Тој веќе пет години предава историја и географија, а од почетокот на септември е и заменик директор.
Решение: училиште за секого
На Росен Богомилов му успеа. Иако доживеа многу одбивања, тој сепак никогаш не се откажа од сонот да стане учител. Ниту за неговите учениции нема да биде лесно, бидејќи регулативите се заоструваат. Тој е свесен дека уште многу работи треба да се променат во бугарското општество: „Интеграцијата ќе успее тогаш кога нема да има населби во кои ќе живеат само Роми, кога сите ќе живееме заедно, кога нема да има сегрегација во училиштата, и кога сите заедно ќе одат на училиште. Само тогаш ќе се промени свеста кај двете страни," вели Росен Богомилов.
Росен Богомилов и Ирена Цукева сакаат преку образование на децата Роми да им створат основа за иднината. Веќе десет години тие им нудат можност и на нивните родители и останати возрасни лица да се дообразуваат. 82 возрасни лица успешно полагаа минатата година, а најстариот од нив беше еден 60 годишен човек. Од годинава Цукева и Богомилов сакаат да постават и медијатор кој ќе се грижи за социјалните проблеми на учениците Роми и ќе работи поврзување на ромските семјства и училиштето. „Некогаш децата не доаѓаат на училиште бидејќи немаат зимски чевли," вели директорката. Поради тоа со години децата спроведуваата акции за помош на сиромашните деца.
Кај Ромите во Асеновград
Во Асеновград, во јужна Бугарија, живеат шест илјади Роми. Како и во многу други бугарски градови, Ромите и овде живеат во свој свет. Марија Илчева беше во посета на Ромите во Асеновград.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Живот во квартот на Ромите
Асеновград во јужна Бугарија е град со 60 илјади жители. Како и во другите бугарски градови, Ромите и во Асеновград живеат во посебен кварт. Дрвени колиби или лимени бараки меѓутоа овде речиси нема, освен на периферијата на населбата, каде живеат најсиромашните.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Дали се Роми или не?
Според последниот попис, во Асеновград живеат само 663 Роми. Но, ако влезете во ромската населба Лозница, веднаш ви е јасно дека статистиката не е точна. Неофицијалните податоци велат дека тука има повеќе од шест илјади Роми. Зад противречените бројки се крие познатиот факт: најголем дел Роми се изјаснува како Турци или Бугари.
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Градење без дозвола
Речиси половината од куќите во Лозница се без градежна дозвола. Во источниот крај на квартот, кој граничи со гробишта, стојат повеќе дрвени бараки, изградени на туѓо земјиште. Планот за интеграција на градот предвидува овде во следните десет години изградба на социјални станови за Ромите, наместо дрвените бараки. Идејата е спорна.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Дом со седум деца
Овој човек гордо го покажува портретот на својата жена: „Ја сакам, имаме седум деца“. Семејство со само едно дете овде е речиси незамисливо. Мајките често се малолетни кога ќе го добијат првото дете. А со 25 години проширувањето на семејството е речиси завршено. Многу баби и дедовци во населбата немаат ни 40 години.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Ромско училиште
Во Асеновград сите ромски деца одат во училиште. Во 99 проценти тоа е училиштето „Никола Вапцаров“, т.н. ромско училиштево Асеновград, кое се наоѓа непосредно во близина на ромската населба. Во годините пред демократските промени, 1989-1990, училиштето го посетуваа и бугарски и турски деца. Денес сите 720 ученици во „Никола Вапцаров“ се Роми.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Прекин на школувањето
Т.н. ромско училиште во Асеновград пружа општо осумгодишно образование. 70 проценти од учениците го завршуваат осмото одделение. Останатите 30 проценти го напуштаат училиштето без диплома, најчесто поради слаб успех на предавањата на бугарски или зашто рано стапуваат во брак и добиваат деца. Секоја година во последнава група има по четири или пет девојчиња.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Во потрага по среќата во странство
Во последната година училишната управа констатира нов тренд кај ромските ученици: се‘ повеќе деца го напуштаат училиштето на неколку месеци за да си ја пробаат среќата со родителите во странство, претежно во Германија и во Франција. Најчесто децата се враќаат со семејството по два или три месеци и мораат да го повторуваат одделението.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Горди матуранти
Бројот на матуранти во ромската населба е мал, затоа тие уживаат посебно внимание. Ромите-матуранти најчесто потекнуваат од побогатите семејства, кои на големата завршна матурска прослава го канат целото соседство. Малкуте матуранти од Лозница посетувале насочено образование и се квалификувани козметичарки, фризерки, механичари или електротехничари.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Половината се невработени
Според податоците од Агенцијата за вработување, половината од жителите Роми во Асеновград се невработени. Околу 85 проценти од примателите на социјална помош во градот се Роми. Најчесто вработените Роми работат како помошници во градежништвото или чистат улици. Некои од нив имаат сопствени фирми, пред се‘ трговци на пазарот.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Сопствена фирма
Некои Роми во ромската населба имаат свои продавници. Но, тоа во Лозница често не значи повеќе од поставена тезга на улица на која се нуди стоката: пијалоци, мастики за џвакање, цигари, кекси. На трговците со облека дури не им треба ни тезга, ја нудат обесена на закачалки.
Фотографија: DW/M.Ilcheva
Децата и парите
Децата сакаат сами да заработуваат пари. За тоа се потребни идеи и талент за импровизација, како кај овие момчиња, кои продаваат сладолед. Но, многу деца се принудени да питачат или тоа го прават доброволно. На секоја свадба, на секој погреб пред општината или на гробиштата стојат група Ромчиња-питачи - сомнителен „бизнис“ со емоциите на луѓето.