1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија со рози ги пречека првите странски туристи

ЕМФ
26 јуни 2020

Првите странски туристи во Бугарија денеска беа пречекани со рози и бугарски сувенири на аеродромот во Бургас. Лично ги поздрави надлежната министерка.

Bulgarien begrüßt erste ausländische Touristen mit Rosen
Фотографија: picture-alliance/J. Groeneweg

Со чартер-лет од Холандија на аеродромот во Бургас денеска пристигнаа првите странски туристи по избивањето на пандемијата на коронавирусот. Пречекани беа од бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, а добија по една црвена роза и бугарски сувенири. Пречекот беше дополнет и со фолклорна програма.

Во Бургас денеска слетаа првите 190 странски туристиФотографија: picture-alliance/J. Groeneweg

Најсиромашната земја во Европската унија се потпира на туризмот, кој има удел од 12% во економското постигнување на Бугарија. Министерката Ангелкова, која признава дека времињата се тешки, се надева дека и покрај короната, овогодишната летна сезона ќе биде успешна. Ангелкова укажа дека на бугарскиот брег на Црното Море коронавирусот е малку раширен. Чартер-четови од Холандија би требало да има четирипати неделно.

Ќе се наполнат ли празните плажи на бугарското крајбрежје?Фотографија: Soraya Musavi

Многу големи хотели на бугарското крајбрежје не знаат дали и кога повторно ќе отворат, со оглед на тоа што многу чартер летови се откажани - само во јули околу 150. Исто така, тешко е да се предвиди како ќе изгледаат работите со туристите од големите пазари како Германија, Велика Британија и Русија.

Повеќе:

Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка

Првите туристи пристигнаа во Црна Гора

Нови чекори за спас на грчкиот туризaм

Бугарија досега беше релативно малку погодена од коронавирусот, но бројот на заболени се зголеми прилично во текот на изминатите две недели и сега изнесува 4408.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми