Жителите на островот Бугенвил во југоисточен Пацифик се изјаснија за отцепување од Папуа Нова Гвинеа. Во регионот Океанија во моментов има најголем број движења за независност и референдуми, а причини за тоа има повеќе.
Реклама
На референдумот, на островот Бугенвил во југоисточен Пацифик со големо мнозинство гласови се изјаснија за отцепување од Папуа Нова Гвинеа. Според податоците на изборната комисија, во досега автономната покраина, над 180.000 избирачи, околу 98 отсто од вкупниот број жители, гласаа за незвисност. Бугенвил ќе стане најмлада држава во светот. Резултатите од референдумот треба уште да ги ратификува парламентот на Папуа Нова Гвинеа. Толку убедлива победа на симпатизерите за независнот секако претставува дополнителен притисок врз владата во Порт Морсби. Поради географската особеност референдумот се развлече на повеќе од 2 недели. Станува збор за регион со големина околу 9.000 квадратни километри. Тој се состои од главниот остров Бугенвил, островот Бука и неколку помали групи на острови. Покраината го добила името по францускиот адмирал и научник Луј Антоан де Бугенвил. Од 1880 година до Првата светска војна била дел од Германската Нова Гвинеа, потоа ја заземала Австралија, а во 1975 година станала дел од Папуа Нова Гвинеа. Бугенвил има големи наоѓалишта на бакар и на злато, но населението е многу сиромашно.
Најголем број референдуми и движења за незвисност
Иако, пред сѐ во западниот свет, се обрнува големо влијание на движењата за независност во Каталонија или во Шкотска, во областа Океанија во југозападен Пацифик во моментов има најголем број движења за незвисност и најголем број референдуми. Во овој регион е и Источен Тимор, држава која прва стекна независност во 21 век.„Постои нешто што ги поврзува сите пацифички островски држави, навистина без исклучок.
Секоја земја зад себе има колонијална ера. Некои од нив дури и со повеќе колонијални сили“, вели за ДВ Херман Миклер, професор на Институтот за културна и социјална антропологија на Универзитетот во Виена. Холандија, Австралија, Германија, Јапонија, Шпанија, Португалија, Фрација, САД - нема некоја голема сила која не оставила своја трага во југозападен Пацифик.
Колонијално минато и геостратешко значење
Се' до денес регионот Океанија е геополитички интересен за светските сили како САД или Кина. Особено за време на Студената војна САД настојуваат да го прошират своето влијание во Пацификот. Меѓутоа интересите на Американците се' повеќе се косат со интересите на Кина, која преку микрокредити настојува на своја страна да ги придобие пацифичките островски држави.Важна улога притоа има и тоа што одделни островски држави го признаваат Тајван како независна држава - факт со кој Кина тешко може да го прифати. Колонијалното минато и геостратешкото значење се' до денес се извор на конфликти и зависности во пацифичкиот регион.
Друга работа која е заедничка за овој регион е немањето економска самосталност, додава Миклер. „Сите островски држави сами едвај да можат да опстанат. Зависни се од парите кои во моментов во најголем дел им доаѓаат од Австралија, САД, ЕУ и се' повеќе од Кина.“ Причина за тоа е одалеченоста на островите и едвај имаат свои сировини. Дури и ако се прозиведува нешто, тоа не е конкурентно на светскиот пазар поради високите цени на транспорт. Така овие држави и со децении по колонијалната ера остануваат зависни од големите сили.
Угнетување на малцинствата
Но сепак многу региони се стремат кон независност, што има врска и со непочитување на правата на малцинствата и со тоа одделни групи од населението се чувствуваат запоставено. Тоа никаде не е толку јасно изразено како во Западна Папуа. Западната половина од големиот остров Нова Гвинеа е една од ретките области богати со минерални суровини, прес сѐ до бакар.
По завршувањето на колонијалната ера овој регион во 1961 година е приклучен на муслиманска Индонезија, која започна сурови походи против христијанското малцинство. „Таму веќе со децении пред очите на светската јавност е разгорена граѓанска војна (за малцинските права на Западните Папуанци)“, нагласува Миклер. Шансите Индонезија да и' дозволи независност на богатата со суровини Западна Папуа се многу мали.
Влијание на другите региони?
Долгата колонијална историја, геополитичките интереси и непочитувањато на малцинските права: покажуваат под какви се' услови можат да се развиваат движењата за независност во пацифичките островски држави. Но, сепак искуствата од Океанија тешко можат да се пренесат на другите региони во светот, смета Миклер. Бидејќи, секое движење за независност е поинакво. Едните се појавуваат поради актуелни конфликти, други поради причината со векови произволното повлекување на границите за време на колонијалната ера.
Истовремено овој регион покажува дека движењата за независност често се поврзани со илузиите. „Постои добра причина за бројни референдуми кои се одржуваат ширум светот“, вели професорот Херман Миклер. Тој меѓутоа додава дека овие референдуми често ги злоупотребуваат одделни харизматични личности „за свои лични интереси“. Старите зависности тогаш ги заменуваат нови, а очекуваните слобода и независност, поддржувачи на движењата, изостануваат.
Историјата на каталонското движење за независност
Стремежот на Каталонците за независност има долга историја. А во текот на таа историја имало подеми и падови, засилување на автономното право и угнетување. Ова се некои од најзначајните случувања.
Фотографија: Reuters/A.Gea
Богато античко наследство
Каталонија рано ја населиле Фениќаните, а потоа Етрурците, па Грците. Грците ги населиле пред сѐ Росас и Ампуриас (на сликата). Римјаните продолжиле со изградба на населби и инфрастукура. Каталонија остана дел од Римското царство сѐ додека не ја освоија Визиготите во 507 година по Христос.
Фотографија: Caos30
Грофовства и самостојност
Во 711 година Каталонија ја освоија Арапите. Карло Велики го запре нивниот продор во 732 година кај Тур на Лоара, а веќе во 759 година северот на Каталонија стана повторно христијански. Во 1137 година каталонските грофовства влегоа во сојуз со кралството Арагон. Во 13. и почетокот на 14. век Арагонското кралство владее со западното Средоземје и ги освои Мајорка (на сликата) и Валенсија.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archiv
Автономија до војната за престоли
Во 13. век се создаваат институции на каталонска самоуправа, наречени „Generalidad de Catalunya". По обединувањето на земјите под круната на Арагон со кралството Кастиља во 1476 година, Арагон можеше да ги задржи своите автономни иституции сѐ до завршувањето на шпанската војна за престоли (1714 година) - со пауза за време на селската буна (на сликата) од 1640 до 1659 година.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archivo
Годишнина на еден пораз
Откако Барселона на 11 септември 1714 година ја освои бурбонскиот крал Филип V каталонските институции се распуштени и ѝ е ставен крај на самоуправата. Секој 11 септември Каталонците се потсетуваат на укинувањето на нивните автономни права (на сликата се демострациите од 2015 година во Барселона).
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gene
Федерални идеи и прва шпанска република
Откако абдицираше Амадео I на 10 фебруари 1873 година е прогласена првата Шпанска Република, која траела помалку од една година. Симпатизерите на републиката се неединствени. Едните сакаа централистичка република, другите федерален систем. Симпатизер на федерализмот бил и Франциско Пи и Марагал (на сликата), еден од петте претседатели на краткотрајната република.
Фотографија: picture-alliance/Prisma Archivo
Неуспешен обид во 19 век
Обидот Каталонија во Шпанската република да создаде сопствена држава дополнително го заостри конфликтот меѓу републиканците. Во 1874 година повторно е воспоставена монархија на чело со Алфонсо XII (на сликата) од династијата Бурбон.
Во периодот меѓу 1923 и 1930 година, генералот Примо де Ривера воспоставува во Шпанија диктатура, со помош на кралот Алфонсо XII, војската и свештенството. Каталонија станува центар на опозицијата и отпорот. Политичарот Франческ Масиа (на сликата) успева да избори за Каталонија важни автономни права по крајот на диктатурата.
Самоуправа во втората Шпанска Република
За време на втората Шпанска Република, каталонските пратеници го изработија Статусот на автономија од Нурија, кој во 1932 година го прифати и шпанскиот парламент. Франческ Масиа по изборите за каталонскиот парламент беше избран и за претседател на самоуправата на Каталонија. Победата на генералот Франко во шпанската граѓанска војна (1936-1939),меѓутоа значеше крај на втората Шпанска Република.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Крај на сите слободи под Франко
Режимот на Франко (1939-1975) за Каталонија значеше и укинување на демократските слободи: забрана на сите политички партии и прогон на нивните активисти, укинување на автономниот статус и потиснување на каталонскиот јазик и култура.
Фотографија: picture alliance/AP Photo
Повторно воспоставување на автономијата со нов статут
По првите слободни избори по падот на Франковата диктатура „Generalidad de Catalunya“, во 1977 година е привремено повторно воспоставена. Врз основа на шпанскиот демократски устав од 1978 година, Каталонија наредната година доби нов статус на автономија.
Жорди Пујол, долгогодишен претседател на владата на Каталонија
Првиот статус за автономија по времето на Франко ги признава самостојноста на Каталонија и каталонскиот како самостоен јазик. Во споредба со статусот од 1932, проширени се овластувањата на Каталонија во областа на образованието и културата, но се ограничени во областа на правосудството, финансиската управа и јавниот поредок. Жорди Пујол беше претседател на каталонската влада од 1980 до 2013 год.
Фотографија: Jose Gayarre
Јакнење на самосвеста
Стремежот на Каталонците за независност повторно се засили во последниве години. Во 2006 Каталонија доби нов статус на автономија со проширени овластувања. Но, по тужбата на конзервативаната партија ПП, шпанскиот Уставен суд ги укина проширените овластувања.
Фотографија: Reuters/A.Gea
Прв обид за референдум
Референдум за незвависност на Каталонија беше предвиден за 9 ноември 2014 година. Неговото прво прашање гласеше: „Сакате ли Каталонија да биде држава?“ Кој ќе се изјаснеше „За“ требаше потоа да одговори на прашањето „Сакате ли таа држава да биде независна?“. Но, Уставниот суд го стави гласањето надвор од сила.
Фотографија: Reuters/G. Nacarino
Двобој на двајца премиери
Од јануари 2016 година Карлес Пуџдемон е претседател на каталонската влада. Тој го продолжува националистичкиот курс на својот претходник Артур Мас и и покрај сите напори и полициско насилство на 1 октомври 2017 година го спроведе референдумот за независност, кој шпанскиот премиер Маријано Рахој го отфрла како противуставен.