1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Будимпешта нуди посредништво меѓу Скопје и Атина

11 јануари 2011

Иако не постои големо расположение за проширување на ЕУ, Балканот може да смета на поддршката на Унгарија. Оваа порака и отворената понуда за вклучување во грчко-македонските преговори ја испорача амбасадорот Кекеши

Унгарија е подготвена да помогне во македонско-грчкиот спорФотографија: AP/DW Fotomontage

Западниот Балкан може да смета на нашата поддршка, порача унгарскиот амбасадор во Македонија, Ференц Кекеши, при претставувањето на приоритетите на унгарското претседателството со Европската Унија во наредните 6 месеци.

Проширувањето на Унијата е меѓу приоритетите на Унгарското претседавање. За да го деблокира макеоднскиот интегративен процес Будимпешта е подготвена и активно да се инволвира во грчко - македонските разговори за името ако двете страни го побараат тоа од неа.

“Унгарија е подготвена да испорача датум за старт на преговорите ако биде постигнат консензус. Унгарија ги поддржува напорите на владата на Република Македонија да се приклучи на Европската Унија во согласност со последните заклучоци на Европскиот Совет. Во тој случај, Унгарија е подготвена да помага во преговорите и активно да се вклучи ако е побарано тоа. Исто така, ние ги поддржуваме преговорите под покровителство на Обединетите Нации“, изјава унгарскиот амбасадор.

Евроамбасадорот Ерван Фуере вели дека дијалогот е најдобра гаранција за успехФотографија: DW

Фуере: дијалогот нема алтернатива

Евроамбасадорот Ерван Фуере ја повтори неговата омилена порака до македонските политичари. За постигнување на стратешката цел на Македонија клучен е постојаниот политички дијалог, за кој нема алтернатива.

“Дијалогот е најдобра гаранција за успех за постигнување на консензус кој ќе носиоваа земја напред кон остварувањето на своите цели во евроинтеграциите. Мора да се одговори на сите големи предизвици со кои се соочува државата во процесот на реформите“, рече Фуере.

Наумовски очекува 2011. да биде клучна година

Вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски очекува 2011 да биде клучна за Македонија. “Имаме намера да најдеме едно заемно прифатливо решение кое што нема да му наштети на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет. Во наш интерес е да се изнајде решение за овој долгогодишен спор што побрзо“.

Шефицата на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шеќеринска не е оптимист како Наумовски.

“Не ни треба дијалог заради дијалог туку заради договор. Дијалог кој што ќе се сконцентрира за неколку важни точки за кои што расправаме, но многу тежко постигнуваме одреден договор, рече Шеќеринска посочувајќи на судските реформи и реформите во јавната администрација. Според неа, клучот за решавање на проблемот за името не е во Брисел или во Будимпешта, туку во триаголникот Скопје - Атина - Њујорк, а Македонија е таа што треба да постигне активизам дури и ако тој отсуствува кај другата страна“.

Според Радмила Шеќеринска, клучот за решавање на спорот е во триаголникот Скопје-Атина-ЊујоркФотографија: Petar Stojanovski

Унгарскиот амбасадор нагласи дека регионот може да смета на унгарска поддршка и соработка иако проширувањето на ЕУ не е популарно во сите земји членки. Освен проширувањето кое е на четвртата позиција приоритети, на листата се и економскиот развој, јакнењето на заедничките политики и приближувањето на ЕУ до граѓаните. Унгарија го презеде претседателството со Европската Унија од Белгија на 1-ви јануари. Во втората половина од 2011-та мандатот го добива Полска.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми