1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот и Косово

27 август 2004

Коментар на Верица Спасовска

Сознанието дојде доцна, но сепак подобро отколу никогаш: Бундесверот извлекува консеквенци од критиките за настапот на германските единици во КФОР за време на мартовските немири на Косово, Треба да се подобри раководната структура, да се оптимира тактиката на ангажирање со содветна опрема. Шест месеци по погромските безредија на албанските насилници против српското малцинство овие мерки треба да спречат повторно префрлувања дека германските војници потфрлиле.

Во безредијата загинаа 19 лица, повеќе од 900 беа повредени. Причина за опожарувањата и опустошувањата на Косово беше неразјаснетата смрт на две албански деца. Германските војници реагираа доцна, некоординирано и очигледно со погрешна тактика против албанските демонстранти. Тие не можеа да го спречат палењето на многу српски цркви и куќи, но барем можеа да ги заштитат српските цивили од толпата. Сепак, настаните доведоа до болното сознание дека досегашната тактика на германските војници во КФОР да спречат такви безредија, но пред се да придонесат за деескалација, не е во ред. Предолго, пред се во политиката, се зацврстуваше впечатокот дека конфликтот на Косово ќе биде смирен само ако Србите ја предадат власта. Се затвораа очите дека настапот на меѓународните интеревентни трупи во полза на косовските Албанци ги охрабри националистичките потпалувачи и дека поранешните жртви станаа извршители. Кога атакуваа, германските војници, и покрај заканувачките сигнали, не беа вистински подготвени. Одговорноста за тоа без сомневање не лежи само во недоволната опременост и недостигот на координација, туку пред се во политиката. Таа мора да признае дека изградбата на едно цивилно општество е долгорочен процес, во кој армијата не може да настапи како техничка помош, туку како сила на редот. Toa што војниците конечно ќе добијат соодветна опрема како водни топови и солзавец е само еден чекор во вистинската насока. Тој значи дека КФОР мора да преземе и полициски задачи за кои досега не се чувствуваше одговорен. Меѓутоа, тоа е неопходно зашто КФОР е одговорен како за слободата на движење на малцинствата, така и за безбедноста на полицијата на УНМИК. Подеднакво е важно германските војници повеќе од досега за тоа да бидат подготвени и ментално: во случај на потреба да реагираат остро. Само на таков начин можат да ја повратат загубената доверба. Во светлината на најновите најави на германскиот министер за одбрана Петер Штрук за нови мисии на армијата во странство – можеби во Африка – до толку се попотребни подобрувањата во Бундесверот.

Верица Спасовска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми