1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот останува уште една година во Авганистан

30 септември 2004

И покрај последниот напад врз кампот на германскиот тим за обнова во Кундус, денеска во Бундестагот беше донесена одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан. Во моментов во Авганистан се стационирани 2175 германски војници.

Петер Штрук, министер за одбрана на Германија
Петер Штрук, министер за одбрана на ГерманијаФотографија: AP

Видно возбуден германскиот министер за одбрана Петер Штрук најпрво ги информираше пратениците за нападот врз кампот на Бундесверот во Кундус. Токму ангажманот на 270 те германски војници кои од пред една година се стационирани во Кундус честопати беше критикуван.

“Нема стопроцентна безбедност против нападите од овој вид, онака како што доживеавме вчера. Нашите војници го знаат тоa. Тие се свесни за опасностите, и овој ангажман сериозно го сфаќаат.”

Бундесверот во Авганистан меѓу другото придонесе и да се создадат услови за оддржување на претседателските избори на 9 октомври годинава. Министерот за одбрана е горд на овој успех. И партиите од опозицијата ЦДУ и ЦСУ се залагаа за продолжување на мандатот. Доколку меѓународните ИСАФ трупи се повлечат од Авганситан, тогаш ќе се вратат Талибанците, предупреди политичарот на ЦДУ Фридеберт Флигер

“Дрогата од Авганистан го преплавува пазарот во Европа. Политичарите и господарите на војната, кои во секој случај индиректно преку ИСАФ и нашиот ангажман се стабилизираат, заработуваат од тоа. Тоа не смее така да остане.”

Слободните демократи пак ангажманот на Бундесверот во Кабул го сметаат за корисен но не и во Кундус и Фејзабад. Пратеникот на ФДП Вернер Хојер критикуваше:

“Овој ангажман не е ниту половичен ниту целосен. Не е осмислен докрај. Не е вклопен во еден меѓународен концепт. Носи високи ризици и поради нерешеното прашање со дрогата за нашите војници претставува невозможна мисија.”

Сепак повеќето пратеници во Бундестагот беа на мислење дека актуелните немири покажуваат оти ангажманот на Бундесверот во Авганистан треба да биде продолжен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми