1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот потврди пропусти во ангажманот во Косово

22 септември 2004

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук е изненаден од пропустите на Бундесверот во ангажманот на Косово. Тој пред одборот за одбрана на Бундестагот поднесе извештај за дејствувањето на германските војници од составот на КФОР при мартовските нереди на Косово

Фотографија: AP

-Мислам дека некои работи кои се констатирани во нашите извештаи мора да предизвикаат чудење,изјави денеска Штрук на маргините од седницата на одборот за одбрана во Бундестагот.За заедничката соработка на од НАТО предводените трупи на Косово КФОР и управата од ОН,УНМИК,Штрук рече:Сосема сигурно постоеле недостатоци во областа на воената комуникација меѓу силите на КФОР и полицијата на УНМИК.

Истовремето тој потенцираше:-Но,и војниците се само луѓе,се разбира дека притоа доаѓа до грешки.

Ситуацијата на Косово била сватена повеќе како рутина во повеќе области.Овие проблеми во меѓувреме се отстранети.

Штрук ова го изнесе пред одоброт каде поднесе извештај за спорната улога на германскиот контингент наКФОР при насилствата во март на Косово.

Недостатоците во него се нотирани како недоволно вооружување,обука и комуникација,немање кризни планови,недостаток од јазични познавања и отсуство на свест за ситуацијата во кризната покраина.

Таму при тешките истапи на Албанците против српското малцинство во март загинаа повеќе Срби,а повеќе од илјада беа протерани од своте куќи.На германскиот контингент во рамките на КФОР му беше префрлено дека не реагирал соодветно на истапите.

Бундесверот реагирал со двоумење и беспомошно,гласат критиките од опозицијата.

Унијата му префрли на Министерството дека ги криело информациите околу германскиот ангажман.

-Не можам да разберам дека постоел интерен извештај,кој нам не ни беше ставен на рапсолагање,изјави експертот за одбрана во Унијата Кристија Шмит, додавајќи :

-Не се работи за прашањето за вина и плаќање гревови ,туку како можеме да го подобриме ангажманот на Бундесверот и дали би морале целосно да го смениме?

Тој најави најверојатен рок од една недела за советување во врска со денешниот поднесен извештај.Потоа ќе биде донесена одлука околу евентуално барање со случајот да се зафати посебна истражна комисија.

Министерството за одбрана со месеци објаснуваше дека на германските војници им успеало да ги заштитат животите на луѓето во областа за која се одговорни.

Но,подоцна се дозна дека во областа за која се одговорни германските војници било пронајдено тело на мртов Србин.Објаснувањето беше дека тој немал врска со мартовските немири,а за него министерот Штрук дознал со месеци подоцна од весниците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми