1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот учествува во воени операции во Авганистан

22 јули 2009

Германскиот Бундесвер во моментов, според информации од МO, учествува во борбите против Талибанците во Авганистан. Учеството е во рамките на голема офанзива на авганистанските и меѓународните сили против Талибанците.

Фотографија: AP

Претставник на германското Mинистерство за одбрана во Берлин соопшти дека во моментов војниците на германскиот Бундесвер учествуваат во борбите против Талибанците во Авганистан. Во тек е воена операција на авганистанските сили за безбедност, во која учествуваат и единици на меѓународните заштитни трупи ИСАФ, меѓу кои и германските војници. Нивниот ангажман опфаќа употреба на тешко оружје како оклопни возила, изјави портпаролот, без да се изјасни за размерите на ангажманот.

Со тоа тој делумно го потврди извештајот на весникот „Рајнише пост“ во денешното издание. Весникот пишува дека Бундесверот во Авганистан во борбите е вклучен со стотици војници и тешко оружје во т.н. Голема офанзива против Талибанците. Во акција се околу 300 припадници на брзите трупи за интервенција. Германските војници заедно со повеќе од илјада авганистански војници и полицајци сакаат да ги протераат Талибанците пред претстојните претседателски избори во земјата кои треба да се одржат идниот месец, пишува весникот. Тој укажува дека интензитетот на борбите во Авганистан постојано се засилува, станува збор за војна, а не за вооружен конфликт, иако на едната страна не стои организирана армија. Исламистичките Талибанци применуваат самоубиствени и напди од заседа, пишува „Рајнише Пост“.

Во Авганистан инаку вчера престојуваше Хавиер Солана, високит претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. На средната во Кабул со претседателот Хамид Карзаи и министерот за надворешни работи на Авганистан Рангин Дадфар Спанта, Солана ги уверил во европската поддршка во напорите за постигнување мир и стабилност во нивната земја. Важна тема за Солана исто така беа претстојните претседателски избори во Авганистан.

Автор: ЖА/АТ/афп/отс/дпа

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми