1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот уште една година во Авганистан

29 септември 2006

Бундестагот со широко мнозинство вчера донесе одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан за уште една година. Но,германските војници не можат да бидат преместувани од северот на нестабилниот југ,како што потенцира министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг и во Порторож,на средбата на НАТО.

Германски војници во Авганистан
Германски војници во АвганистанФотографија: AP

За многумина парламентарци согласноста не предизвика болки во стомакот затоа што сакаа да биде завршен ангажманот на Бундесверот во Авганистан,туку заради неуспесите во обновата.Сите сакавме по пет години да постои поголем ефект од обновата, министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги сумираше изјаловените надежи на сојузната влада.Но токму затоа пледираше на продолжување на ангажманот за една година:

„Авганистан е загубен дури тогаш кога ние ќе се предадеме.“

Околу 2900 војници на Бундесверот се стационирани на северот на земјата,кој е помирен од југот.Таму борците на Талибанците и на Ал Каеда претставуваат перманентна закана.За политичарот од ЦДУ Екарт фон Кладен натамошна причина за продолжување на мисијата на НАТО,ИСАФ, во Авганистан:

„Нивната цел е јасна:протерување на војниците од меѓународната заедница и на помагачите во развојот,враќање во Кабул,сменување од власт на претседателот Карзаи и повторно воспоставување исламистички режим.Тоа би било враќање на времето од 2001 година и претходно.Во игра се пет години обнова и довербата на населението“,рече Кладен.

А за да не биде изгубена довербата на Авгаистанците,НАТО во иднина треба да стави поголемо тежиште на обновата,побара германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг,со што се сложија повеќе говорници.

Сите фракции ја поддржаа одлуката за продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан за уште една година.

Но,германските војници не можат да бидат преместувани од северот на нестабилниот југ,како што потенцира министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг и во Порторож,на средбата на НАТО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми