1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот ја презема командата во Северен Авганистан

1 јуни 2006

Германскиот Бундесвер од денеска тој ја презема командата над Меѓународните заштитни трупи во Авганистан,ИСАФ,преку централната база во Масар и Шариф.Кристоф Хајнцле го придружуваше Бундесверот при подготовките.

Фотографија: AP

-Од нашето место возиме на југ.

Водачот на патролата Јенс им ја објаснува на војниците задачата и маршутата.

-Војниците патуваат четири часа низ патишта и полиња преку голото и прашливо подрачје со ритчиња.Тие лежат јужно од новиот логор на Бундесверот во Масар и Шариф.Стратеигиски,важни височини,зашто зад нив може да се крие опасност.

Кога возилото веќе не може натаму,се продолжува пешки.

Тешко натоварени со опрема,оружје и двогледи,германските војници одат во патрола.Ни малку лесна мисија со оглед дека сонцето пече,температурата е 50 степени:

-Еден војник нека ги набљудува сите движења од највисоката точка,вели Јенс.

Претходницата на Бундесверот внимава не само на движењата,туку и на сите промени на околината:

-Овде можам да видам дали постојат подготвени места за испалување ракети.

Патролите имаат своја причина.Иако северот на Авганистан е постабилен од југот,речиси редовно доаѓа до бомбашки напади и врз трупите на ИСАФ.Кон тоа доаѓаат конфликтите меѓу ривалските милиции,криминалот и семејните непријателства.Талибанците не с еприсутни колку на југот,но ги им аво помали групи.Германскиот командант,генерал Маркус Кнајп,за состојбата вели:

-Таа очигледно не е мирна и стабилна.Но,не гледаме некоја голема позиција против нас. Напротив:многу повеќе се работи за непријателства меѓу племињата.

Потенцијална опасност освен милициите и криминалците е мафијата со дрога.Северните провинции важат за средишта на производството на опиум.Во моментов авганистанските безбедносни сили ги уништуваат полињата со афион.Тоа може да доведе до напнатости,иако меѓународните сили не се директно вклучени во тоа.

Авганистанските производители на опиум знаат дека го кршат законот,поради тоа немаат ништо против странските војници,кои се на страна на законите,смета земјосопственикот Абдул Хамид:

-Ние сме среќни што се овде ИСАФ и Германците.Тие ни помагаат.Порано по улиците имаше разбојници,напаѓаа особено ноќе.Сега со ИСАФ безбедносната состојба е подобра.

Позитивни реакции има и од џамијата во центарот на Масар и Шариф:

-Странците многу ни помогнаа.Јас сум стопроцентно за мисијата на НАТО и германските трупи.Без нив ќе имаше војна,вели Јахиа.

Сепак,командантот Маркус Кнајп предупредува:

-Мораме да бидеме многу,многу внимателни,но без да го загубиме контактот со населението.Секој напад може да води кон повлекување,а со тоа нема да можеме да ја исполниме нашата задача.

А таа има долгорочна перспектива,смета генералот,кој прогнозира околу 10 години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми