1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Бундесверот се подготвува за акцијата на вакцинирање

Кај Кистнер
26 декември 2020

Војниците од Бундесверот веќе им помагаа на здравствените служби во следење на синџирите на инфекции во корона-кризата. Сега војниците ќе помагаат во претстојната акција на масовно вакцинирање.

Bundeswehr unterstützt Gesundheitsamt
Фотографија: Stefan Sauer/picture alliance/dpa

За многу германски војници годинава празниците се прилично необични. Германската војска, Бундесверот, стави на располагање илјадници свои војници за да помагаат во претстојната акција на вакцинирање на граѓаните против коронавирус. Тие можат да бидат алармирани и повикани на должност во рок од 48 или дури и 24 часа ако итно бидат потребни во следните денови. Во сојузното Министерство за одбрана се очекува дека во претстојните вакцинирања можат да бидат распоредени до 6500 војници, иако веројатно не сите одеднаш. Бундесверот веќе е вклучен во организирањето на центрите за вакцинирање, но вистинската помош ќе биде потребна дури кога ќе почне вакцинацијата.

„Ќе помогнеме во имунизацијата на луѓето во Германија, со инфраструктура, складирање на вакцината, но и во самиот процес на вакцинирање", најави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Според плановите, мнозинството војници ќе бидат потребни во бројните цивилни центри за вакцинирање и ќе ги поддржуваат мобилните тимови. Сите опции се отворени: од ставање на располагање на лекарите кои вакцинираат, до помош во организирањето на вакцинацијата за сѐ да протече како што треба и без застои.

Повеќе на темата:

ЕУ: Гигантскиот потфат на вакцинирање може да почне

Германија и вакцините: Предизвик за логистиката како слетување на Месечината

Вакцина: Зрак на надеж

Германија: Кој, кога и како ќе биде вакциниран против коронавирус

Бундесверот исто така вети помош во складирањето на вакцините. Затоа, веројатно е дека активните состојки ќе се чуваат во касарните, што меѓутоа не е сосема едноставно. На пример, одобрената вакцина на германското претпријатие Бионтек и американскиот партнер Фајзер мора долго да се држи на температура од најмалку минус 70 степени Целзиусови.

Од друга страна, постои страв дека вакцината би можела да привлече криминалци и луѓе кои го негираат постоењето на коронавирусот. Од претпазливост, војската засега не ги открива локациите каде може да биде складирана вакцината. Предност е што касарните на Бундесверот се многу подобро чувани отколку на пример спортските сали. 

Исто така се нагаѓаше дали војниците можат да го надгледуваат транспортот на вредните дози вакцини. Но, тоа сепак би требало да биде резервирано само за полицијата.

Никогаш претходно во својата историја Бундесверот не би толку вклучен во активности во земјата како сега поради пандемијата на коронавирус. „Ја имаме најголема и најдолга административна помош во нашата историја", вели Крамп-Каренбауер.

Бундесверот мобилизираше вкупно околу 20.000 војници за да им помогне на цивилните служби во борбата против пандемијата. Моментно се вклучени околу половината од нив, значи околу 10.000. Тие им помагаат на здравствените служби во следење на синџирите на инфекции, вадат брис во центрите за тестирање на коронавирус или помагаат во старските домови. Сега на овие активности ќе им се придружи и опсежната операција на вакцинирање.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми