Бундестагот расправа за Буџетот за наредната година
12 септември 2007Реклама
Во генералната дебата за буџетот на Германија во 2008 година, опозицијата во Бундестагот и префрли на владата дека граѓаните не учествувале доволно во економскиот подем. Канцеларот Ангела Меркел извлече позитивен биланс и укажа на тоа дека бројот на невработените, откако големата коалиција стапи на власт во Германија, е намален за еден милион граѓани. Меркел се заложи и за проодлжување на мандатот на војниците на Бундесверот во оспоруваната анти – теерористичка мисија Ендјуринг Фридом во Авганистан.