1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот расправа за македонското приклучување во НАТО

ЕМФ
6 јуни 2019

Германскиот парламент денеска расправа за ратификација на Протоколот за приклучувањето на Северна Македонија на НАТО.

Reichstagsgebäude in Berlin mit den Flaggen von der EU, Armenien und Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Kalker

Дебатата околу македонското приклучување во Северноатлантскиот сојуз би требало да трае нецел час. Германската влада во образложението на предлог-законот за Протоколот од 6 февруари 2019 година за Северноатлантскиот договор за приклучување на Република Северна Македонија оценува: „Сојузната влада е убедена дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.“

Германскиот Бундесрат на својата седница на 17 мај 2019 година немаше забелешки на ваквиот предлог-закон.

Комисијата за надворешна политика на Бундестагот во својата препорака за македонското приклучување кон НАТО потсетува дека „Владата на Република Северна Македонија, според мислењето на земјите членки на НАТО, спровела неопходни реформи во безбедносниот сектор и постигнала важен напредок во зајакнувањето на правната држава и демократијата“.

Добредојде за Северна Македонија во НАТО

02:01

This browser does not support the video element.

„Со тоа, приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО, ќе биде придонес за безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор, ќе биде придонес за трансатлантската заедница на вредности и ќе биде важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“, се оценува во препораката на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот.

Повеќе: 

Германски медиуми: Приемот на Македонија во НАТО има стратешко значење

Македонија влегува во НАТО како колос на мирот

Столтенберг и Димитров: Ова е историски ден

Се очекува против прифаќање на предлог-законот за ратификација на Протоколот да гласаат пратениците на деснопопулистичката АфД и на Левицата. Левицата има свој предлог-заклучок во кој бара од германската влада да ја повлече својата согласност за Протоколот за приклучување на Северна Македонија кон НАТО и во Северноатлантскиот совет да се изјасни против прием на земјата и против натамошно проширување на НАТО кон исток. Како образложение се наведува дека биле прекршени ветувањата дадени на Русија во процесот на германското обединување дека НАТО нема да се шири во насока на Русија, а оттогаш на НАТО му се приклучиле 13 централноевропски земји, со што алијансата територијално се приближила до Русија. Ова, како и вооружувањето последните години и сѐ поголемото ставање под знак прашалник на постоечкиот режим за разоружување и за контрола на вооружувањето, како откажувањето на ИНФ-договорот, ја зголемиле опасноста од војна во Европа, оценува Левицата, според која „Приемот на Северна Македонија во НАТО е прашање кое го дели опшстевото во земјата и значи натамошно напредување на воениот сојуз кон Русија“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми