1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот ќе гласа за спасот на еврото

25 октомври 2011

За спорното проширување на европскиот фонд за спас сепак ќе треба уште еднаш да се изјасни пленумот на германскиот парламент.

Фотографија: dapd

Поради големите финансиски ризици поврзани со спасот на еврото владејачката Христијанско демократската унија се реши да побара одобрение од сите пратеници, наместо само од Одборот за буџетски прашања. Во меѓувреме се множи бројот пратеници на владеачките партии, кои најавуваат отпор за предлозите на владата. Тие се движат во моментов во две насоки. Едната опција за проширување на фондот за спас ЕФСФ е средствата да служат за делумно осигурување на државните обврзници на презадолжените земји. А втората предвидува создавање на фонд со кредити, во кој ќе има и средства од Меѓународниот монетарен фонд. Експертите тврдат дека е можна и комбинација од двете варијанти.

Во секој случај за предлозите денеска ќе се расправа во Одборот за буџетски прашања и во собраниските групи. Пред утрешното гласање во пленумот канцеларката Ангела Меркел ќе поднесе владина изјава за курсот околу надминувањето на кризата на еврото. Потоа таа ќе отпатува за Брисел каде ќе се одржи продолжението на самитот на ЕУ, од кое се очекуваат конкретни мерки за спас на еврото.

Автор: ГЧ/ дв/ дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми