1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бучковски очекува решение со Бугарија, но не знае кога

ДТЗ /ДВ
2 декември 2020

Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, е убеден дека ќе се надмине спорот со Бугарија, но можеби не толку брзо колку што очекува јавноста.

Mazedonien Skopje Vlado Buckovski
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasoski

Неизвесно е дали за една недела може да се случи чудо, и да се одоброволи Бугарија да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ, изјави денеска Бучковски на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Рокот од една недела е кус, и ниту еден од двајцата не сака да прогнозира дали ќе се избегне новото бугарско вето за старт на преговорите со ЕУ. Османи вели дека со именувањето на Бучковски се испраќа сериозна порака до официјална Софија за посветеноста кон исполнувањето на Договорот за пријателство. 

-повеќе на темата: Бучковски ќе посредува со Бугарија - има ли скриен ас во ракавот?

Што конкретно ќе преземе во она малку време што е преостанато пред министерскиот совет, не се открива. „Немам џокер во ракавот, но имам искуство“, вели Бучковски, кој е убеден дека неговото искуство и довербата која ја ужива кај официјална Софија ќе бидат пресудни за придвижување на веќе закочениот процес.

Вели и дека нема намера да испраќа пораки преку медиумите, но смета дека треба повеќе да се користат инструментите што ги овозможува Договорот за пријателство. 

-повеќе на темата: Бучковски: Немаме поголем сојузник од Бугарија

Османи изјави дека довербата во Договорот од 2017 година е сериозно разнишана и дека во моментов се работи на тоа прашање. Од Владата повторија дека т.н. „Патоказ“ е план за динамиката на спроведување на Договорот, надвор од преговарачката рамка. Во вторник, во Брисел, ќе се одржи состанокот на Советот на министри на кој Македонија или ќе добие датум за старт на преговорите или вето од Бугарија. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми