1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш вети помош за должниците

1 септември 2007

*

Американскиот претседател Џорџ Буш во врска со кредитната криза во земјата најави мерки за помош за хипотекарните должници.

Пакетот мерки содржи даночни олеснувања,сојузни гаранции и промени на законите, наменети за околу 80 илјади сопственици на куќи кои се пред банкрот.Најава за подготвеност за помош најави и Централната банка.Но,претседателот Буш подвлече дека улогата на владата во оваа фаза мора да биде само ограничена.

Не е задача на владата да им помага на шпекулантите или на луѓето кои биле свесни дека не можат да ја отплаќат куќата која ја купиле,рече Буш.

Околу два милиони сопственици на куќи мора да сметаат во следните две години со значително зголемување на премиите,зашто нивните хипотеки се премногу ризични.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми