1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш – Ирак

27 април 2007

Американскиот претседател, Џорџ Буш, нема да го потпише законот донесен од страна на конгресот во кој се бара почетокот на повлекувањето на американските сили од Ирак на први октомври годинава. Буш, непосредно по гласањето во сенатот, најави дека ќе стави вето. Белата куќа соопшти дека претседателот нема да потпише датум за капитулација. Донесувањето на законот во двата дома на парламентот важи како голем пораз за претседателот. Критики за законот дојдоа и од страна на ирачката влада која смета дека е тоа погрешен сигнал за екстремистите во таа земја.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми