Буш со стари најави за климата
29 септември 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш на конференцијата за климата во Вашингтон изрази желба за намалување на штетните гасови. Тој предложи земјите кои имаат најголема емисија на овие гасови до летото идната година да се усогласат околу заедничките цели поради заштита на климата. Но, на секоја земја треба да и‘ биде оставено самата да одлучи како ќе ја постигне целта. Буш не бара обврзувачки документи, како што е протоколот од Кјото.