1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш упати мировен апел за Блискиот Исток

Nedevski, Sime26 ноември 2007

*

Непосредно пред меѓународната конференција за Блискиот Исток што треба да се одржи во САД , американскиот претседател Џорџ Буш упати мировен апел до сите учесници . Заинтересираните страни треба двојно да ги зголемат своите напори ,за да се оставри сонот за мир во регионот- порача Буш во Вашингтон. Според него цел на тие напори треба да биде решението за две држави- една палестинска и израелската , кои живеат во мир една покрај друга. На мировната конференција за Блискиот Исток во местото Анаполис во близина на Вашингтон во вторник ќе учествуваат претставници на преку 40 земји. Веќе денеска Буш вво Белата Куќа треба на одвоени средби да разговара со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми