Важна победа
12 октомври 2006Германија ја совлада репрезентацијата на Словачка со 4 спрема 1, додека Македонија ја порази Андора со 3 спрема 0.
Избраниците на тренерот Јоаким Лев минаа уште една важна пречка на патот кон ЕП во 2008-та. Вчера во Братислава тие ја остварија третата последователна победа во групата Д:
„Мислам дека тоа беше многу впечатливо остварување, пред се‘ во првото полувреме. Тимот дејствуваше многу зрело, играше јасно и одлично ги искористи шансите за голови. Тоа беше навиsтина добра игра„ – изјави по натпреварот капитенот Михаел Балак, кој беше и стрелец на еден од головите. Во листата на стрелци покрај него се запишаа и Лукас Подолски, два пати, и Себастијан Швајнштајгер.
Македонската репрезентација пак вчера се реваншираше во Андора за срамниот пораз во 2004-та и го порази континеталниот аутсајдер со 3 спрема 0. Сите три гола паднаа во првото полувреме, а стрелци беа Горан Пандев, Николче Новески и Илчо Наумоски.