1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцината Модерна – стопроцентно ефикасна и кај деца

ЖА / агенции
25 мај 2021

Вакцината против коронавирус на американската компанија Модерна е целосно ефикасна и кај деца и младинци, фирмата наскоро ќе поднесе барање за дозвола за употреба во САД.

Symbolfoto I Belgien - die Corona-Apotheke der EU
Фотографија: Jens Krick/Flashpic/picture alliance

Во клиничка студија со учество на деца и младинци од 12 до 17 години, според досега добиените резултати е покажана ефикасност од сто проценти, соопшти денеска претставник на американската компанија. Освен тоа, испитувањата покажале дека вакцината на Модерна е безбедна и била добро поднесена од страна на испитаниците, „не се идентификувани никакви позначајни безбедносни ризици“. Но, резултатите од студијата, објавена во стручен магазин, сѐуште немаат поминато фаза на стручна проверка.

Повеќе:

Фотографија на денот: Во САД одобрена вакцината Бионтек/Фајзер за деца од 12 до 15 години

Колку родители би си ги вакцинирале децата против Ковид?

И вакцината на Модерна влегува во програмата Ковакс

Најнов извештај во Германија: Колку се безбедни Ковид-вакцините?

Модерна планира на почетокот на јуни да поднесе барање за издавање дозвола за користење на нејзината вакцина за деца и млади до Американската агенција за лекови ФДА, како и во повеќе други земји. Вакцината за возрасни на Модерна во САД има дозвола за употреба добиена по итна постапка, а одобрена е и во ЕУ. Во САД на 10 мај беше веќе дадена дозвола за вакцина за деца и младинци од 12 до 15 години за препаратот на Бионтек/Фајзер, а постапката за нејзино користење во ЕУ е во тек.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

15:47

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми